Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Поради старт на Светското првенство во фудбал, во Мексико Сити се затвораат училиштата, а јавната администрација ќе работи од дома
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Поради старт на Светското првенство во фудбал, во Мексико Сити се затвораат училиштата, а јавната администрација ќе работи од дома
СПОРТ

Поради старт на Светското првенство во фудбал, во Мексико Сити се затвораат училиштата, а јавната администрација ќе работи од дома

Објавено June 10, 2026 10:30
Сподели
Сподели

Учениците во Мексико Сити утре ќе имаат слободен ден, а од државните службеници е побарано да работат од дома со цел да се спречи сообраќаен хаос во главниот град пред свеченото отворање на Светското првенство во фудбал на стадионот „Ацтека“, јави ДПА.

Како еден од кодомаќините на турнирот, селекцијата на Мексико во првиот натпревар ќе ги одмери силите со Јужна Африка, поради што владата со вонредни мерки се обидува максимално да го растовари и онака преоптоварениот сообраќај во главниот град за време на овој голем спортски настан.

Мексиканската претседателка Клаудија Шеинбаум веќе потпиша декрет со кој се прекинува наставата во училиштата и универзитетите, а истовремено упати апел и до приватниот сектор да им овозможи на своите вработени да ги извршуваат обврските од дома. Од овие мерки се изземени само медицинските лица, полицијата и вработените во критичната инфраструктура, кои ќе ги извршуваат своите работни задачи во нормален режим.

Свечената церемонија на отворањето и првиот натпревар ќе се одржат околу пладне по локално време во Мексико Сити. Програмата, во која ќе настапи и светски познатата пејачка Шакира, започнува во 11:30 часот по локално време (17:30 часот по Гринич), додека почетниот удар на премиерниот мундијалски натпревар е закажан за 13:00 часот (19:00 часот по Гринич).

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Meси со гол најави дека е спремен за СП
Следна Статија УЕФА го казни Вардар со 250.000 евра поради двојни договори и фалсификати

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Клубовите на Собранието побараа смена на Перо Антиќ

На Собранието на македонската кошаркарска федерација во средата клубовите побараа да се смени актуелниот претседател Перо Антиќ. Беше покажано од…

December 19, 2024
СПОРТ

Следење на главен тренер на Атланта Соколи 2026

Сè што треба да знаете за кандидатите кои тимот ги разгледува за овој избор

January 14, 2026
СПОРТ

Пелистер (конечно) победи во Лигата на шампионите, Митревски блескаше на голот

Еурофарм Пелистер ја забележа првата победа во Лигата на шампионите. Сметајќи ја и минатата сезона на Пелистер му требаа 20…

November 1, 2024
СПОРТ

Калин Ивановски избори полуфинале на Macedonian open 2026

Македонскиот тенисер Калин Ивановски по голема борба и два добиени сета во тај брејк успеа да избори полуфинале на Macedonian…

July 3, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?