Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Унгарија нема да и испраќа оружје на Украина
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Унгарија нема да и испраќа оружје на Украина
СВЕТ

Унгарија нема да и испраќа оружје на Украина

Објавено July 12, 2026 13:34
Сподели
Сподели

Потпретседателката на унгарската влада и министерка за надворешни работи Анита Орбан изјави дека Унгарија нема да ја менува својата политика кон војната во Украина и оти нема да испрати оружје за Киев.

– Нашата политика по ова прашање останува непроменета. Унгарските гласачи ни дадоа мандат да не испраќаме оружје, туку да помагаме на други начини, со хуманитарна помош и санкции, истакна Орбан во интервју за италијанскиот весник „Кориере дела Сера“.

Таа нагласи дека едно од клучните прашања во унгарско-украинските односи е положбата на унгарското малцинство во украинскиот регион Закарпатија, нагласувајќи дека Будимпешта го поддржува пристапувањето на Украина во Европска Унија исклучиво врз основа на исполнување на критериумите.

– Ние го поддржуваме членството врз основа на заслуги, во согласност со методологијата за пристапување во ЕУ. Секоја земја мора да го следи истиот пат и да ги исполнува истите критериуми, што е прашање на кредибилитетот на ЕУ, посочи Орбан.

Таа се осврна и на односите со Русија, при тоа истакнувајќи оти Унгарија поради географската положба, големина и влијание останува важен фактор во Европа.

– Сакаме многу прагматичен однос со Москва, помеѓу суверени држави, наведе Орбан.

Додека за внатрешната политика, Орбан посочи дека по промената на власта, Унгарија е „повторно во Европа“. Таа ги отфрли критиките од опозицијата и организациите за човекови права за наводен притисок врз институциите и уставните измени, потенцирајќи оти владата „гради општество засновано на владеењето на правото преку владеењето на правото“

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Европскиот суд пресуди за случајот за поранешниот директор на УБК- Државата треба да му исплати отштета
Следна Статија Николоски: Истовремено градиме 6 автопати, Македонија добива модерна автопатска мрежа

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Русија предлага втора рунда директни преговори со Украина во Истанбул в понедленик

Русија денеска соопшти дека составила мировен „меморандум“ во кој ги наведува своите услови за прекин на конфликтот со Украина и…

May 28, 2025
СВЕТ

Трамп се пожали: Многу сме разочарани од НАТО

состанокот на министрите за надворешни работи на Г7, во обид да ги смири тензиите меѓу сојузниците. Оваа посета доаѓа во…

March 27, 2026
СВЕТ

(Видео) Пратеникот на Трамп: Украинци, имате наша дозвола, можете да нападнете длабоко во Русија

Кит Келог, специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп за Украина, потврди дека Трамп го овластил Киев да започне напади…

September 29, 2025
СВЕТ

Бајден доделува највисоки признанија, Лионел Меси и Дензел Вашингтон меѓу добитниците

Американскиот претседател Џо Бајден денеска ќе им додели Претседателски медал на слободата на 19 истакнати личности, меѓу кои се фудбалската…

January 4, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?