Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Европскиот суд пресуди за случајот за поранешниот директор на УБК- Државата треба да му исплати отштета
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Европскиот суд пресуди за случајот за поранешниот директор на УБК- Државата треба да му исплати отштета
МАКЕДОНИЈА

Европскиот суд пресуди за случајот за поранешниот директор на УБК- Државата треба да му исплати отштета

Објавено July 12, 2026 13:28
Сподели
Сподели

Европскиот суд за човекови права пресуди дека државата треба да му исплати 3.465 евра на поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Владимир Атанасовски, како надомест за мерките притвор и куќен притвор што му биле изречени во предметот „Организатори на 27 април“.

Како што објави Телма, Атанасовски во рамки на оваа постапка поминал шест месеци во притвор, а потоа речиси 19 месеци во куќен притвор. Поради тоа тој поднел претставка до Европскиот суд за човекови права, повикувајќи се на повреда на правото на слобода и безбедност.

Во одлуката на Судот се наведува дека, по неуспешните обиди за постигнување пријателско спогодување, Владата доставила еднострана изјава со цел да се решат прашањата покренати со жалбата.

Адвокатот на Атанасовски изјавил дека во текот на целата постапка укажувал оти мерките притвор и куќен притвор биле неоправдани и не ги исполнувале законските критериуми.

Предметот „Организатори на 27 април“ се однесува на судските постапки поврзани со настаните во Собранието на 27 април 2017 година.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Бугарски пасоши ќе се делат во српските општини Босилеград и во Димитровград
Следна Статија Унгарија нема да и испраќа оружје на Украина

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Судење за „Пулс“: За првпат преживеаните се сретнаа очи в очи со првообвинетиот Дејан Јованов – Деко

Главната расправа за трагедијата во „Пулс“ започна со изјаснување на оштетените, а глетката во судницата беше болно потсетување дека последиците…

December 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Во 21-ви век нема место за национализам во Европа, кажа Муцунски од Дубровник

На покана на министерот за надворешни и европски работи на Република Хрватска, Гордан Грлиќ Радман, министерот за надворешни работи и…

July 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

Николоски: Започнуваме борба против административната мафија

Владатa донесе седум измени на закони со кои ја започнуваме борбата против адинистративната мафија. Со овие измени, овие контроли стануваат…

March 26, 2025
МАКЕДОНИЈА

ЗЕЛС: Координирана вонредна контрола во сите општини

Координирани вонредни контроли на општинските инспектори во сите единици на локална самоуправа по страотната несреќа во Кочани, најавува претседателот на…

March 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?