Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: УЈП со рекордни бројки: Во 2025 собрани 4,4 милијарди евра од даноци и придонеси
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > УЈП со рекордни бројки: Во 2025 собрани 4,4 милијарди евра од даноци и придонеси
ЕКОНОМИЈА

УЈП со рекордни бројки: Во 2025 собрани 4,4 милијарди евра од даноци и придонеси

Објавено January 3, 2026 12:27
Сподели
Сподели

Управата за јавни приходи информира дека во 2025 година во националниот буџет се собрани 4 милијарди и 426 милиони евра од даноци и социјални придонеси, што е 308,3 милиони евра повеќе во споредба со 2024 година, информираат од управата.

Од вкупниот износ, даночните приходи изнесуваат 2 милијарди и 334 милиони евра, при што е остварен раст од 7,5%, односно 163,2 милиони евра повеќе од лани. Порастот е континуиран во текот на целата година, со поизразено темпо во втората половина од 2025 година, кога е реализиран околу четири петтини од годишниот раст.

Приходите од ДДВ се темелат на стабилен раст на наплатата на данокот платен за промет во земјата, при што во повеќе месеци е забележан пораст од 10 до 13 проценти во однос на истиот период минатата година. Кај данокот на добивка растот произлегува од аконтативното плаќање за 2025 година на повисока даночна основица, како и од зголемената наплата на задржан данок од дивиденди и други приходи исплатени кон странски основачи и партнери на компаниите, каде што е регистриран раст од над 30%.

Во делот на данокот на личен доход, најголемо учество има данокот на плати кој бележи стабилен месечен раст и вкупен пораст над 10%, а висок раст е остварен и кај данокот на доходите од договорни услуги, земјоделство и самостојна дејност.

Кај социјалните придонеси се собрани 2 милијарди и 92 милиони евра, што е 145,2 милиони евра повеќе од 2024 година, односно раст од 7,5%.

Овие резултати се должат на засилената навремена наплата на обврските со заедничка одговорност на даночните обврзници, раното интервенирање и доследната примена на законските мерки. Во 2026 година УЈП ќе продолжи со активности за ефикасно, правично и транспарентно собирање на јавните приходи.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Акциите на индискиот оператор на KFC и Pizza Hut Девјани скокаат поради спојување со конкурентниот франшизер Сафир
Следна Статија Венецуела бара итен доказ дека Мадуро е жив

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Кампања на владата – купувај домашни земјоделски производи

Преку кампањата купувај домашни земјоделски производи го стимулираме растот на домашната економија и директно влијаеме врз зголемување на потрошувачката на…

June 25, 2025
ЕКОНОМИЈА

Македонија шеста во светот по привлекување гринфилд инвестиции

Македонија се најде на шестото место меѓу 105 земји од светот рангирани во извештајот Greenfield FDI Performance Index за 2025…

August 14, 2025
ЕКОНОМИЈА

Божиновска-Агелер: Силно партнерство со САД, разговори за енергетска иднина

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави во Република…

January 22, 2025
ЕКОНОМИЈА

Димитриеска-Кочоска: Македонија може да ја искористи целата ситуација за да ги зацврсти односите со САД – ова може да биде шанса за македонската економија

Македонија од ова може да искористи, можеби ќе успееме да ги направиме уште поцврсти врските со Соединетите Американски Држави и…

April 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?