Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Божиновска-Агелер: Силно партнерство со САД, разговори за енергетска иднина
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Божиновска-Агелер: Силно партнерство со САД, разговори за енергетска иднина
ЕКОНОМИЈА

Божиновска-Агелер: Силно партнерство со САД, разговори за енергетска иднина

Објавено January 22, 2025 19:44
Сподели
Сподели

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави во Република Северна Македонија, Ангела Агелер.

Средбата, како дел од континуираниот дијалог меѓу министерството и амбасадата, се фокусираше на зајакнување на соработката во областа на енергетиката, вклучително енергетската транзиција, подобрувањето на енергетската ефикасност и поддршката за обновливи извори на енергија.

Божиновска ја истакна важноста на поддршката од Соединетите Американски Држави во справувањето со енергетските предизвици. Таа потенцираше дека односите меѓу двете земји се градат на цврсти основи на партнерство и меѓусебна доверба.

Амбасадорката Агелер ја потврди заложбата на САД за понатамошно зајакнување на енергетската безбедност и стабилност во регионот, нагласувајќи ја подготвеноста за поддршка на иницијативи кои ќе придонесат за одржлив развој.

Средбата заврши со договор за продолжување на редовната комуникација, со цел реализација на поставените приоритети и дополнително унапредување на билатералната соработка.

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини останува посветено на промоција на проекти кои ќе ја забрзаат енергетската транзиција и ќе обезбедат долгорочна стабилност за граѓаните и економијата, соопштија од таму.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Лазаров: Катар е борбена селекција, нè очекува ептен неизвесен натпревар
Следна Статија Ова се родителите на Меланија, таткото е само две години постар од Трамп

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Американ Ерлајнс објавува значајни промени во операциите на аеродромот DFW за подобрување на искуството на патниците

Авиокомпанијата истакна дека измените се дизајнирани за да го подобрат искуството на патниците на нејзиниот најголем аеродромски јазол.

December 30, 2025
ЕКОНОМИЈА

Една објава на Трамп избриша две илјади милијарди долари пазарна вредност од берзите

Во петокот наутро, берзанскиот индекс СиП 500 (S&P 500) беше на еден чекор од нов рекорден максимум. А потоа, по…

October 12, 2025
ЕКОНОМИЈА

Kомпании од одбранбената индустрија заинтересирани за инвестирање во Македонија

Во Министерството за одбрана на месечно ниво доаѓаат по неколку компании од секторот на одбранбената индустрија кои се заинтересирани да…

October 15, 2025
ЕКОНОМИЈА

Нова ера во сметководството – Стандардите како предизвик, технологијата како сојузник

Потребно е сметководствената професија да го следи чекорот со глобалните трендови и да ја прифати дигиталната трансформација како сојузник, а…

April 3, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?