Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Славески: Инфлацијата ќе се намалува и ќе има економски раст со солидно закрепнување
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Славески: Инфлацијата ќе се намалува и ќе има економски раст со солидно закрепнување
ЕКОНОМИЈА

Славески: Инфлацијата ќе се намалува и ќе има економски раст со солидно закрепнување

Објавено January 9, 2026 11:59
Сподели
Сподели

„Домашната економија досега покажува релативна отпорност на светските ризици и ќе бележи солидно закрепнување и во наредниот период. Ваквите позитивни трендови се очекуваат и годинава, заедно со постепеното закрепнување на економиите на нашите најзначајни трговски партнери, како и засиленото остварување на инфраструктурните инвестиции во земјава“. Ова го истакна гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, во изјава за бизнис-магазинот „Економија и бизнис“, нагласувајќи дека јавните инвестиции во патната и железничката инфраструктура, како и инфраструктурните проекти на локално ниво, ќе имаат важна улога во поддршката на економскиот раст.

 

Гувернерот Славески посочи дека значителен придонес кон економската активност ќе имаат и приватните инвестиции, особено во производствениот и енергетскиот сектор, поттикнати од солидниот прилив на странски директни инвестиции. Умерениот раст на расположливиот доход на домаќинствата, заедно со стабилната кредитна активност на банките, ќе обезбеди солидна лична потрошувачка. Покрај ова, постепената стабилизација на економиите на надворешните партнери и поповолните услови на размена би довеле до закрепнување на извозот на стоки и услуги, со што ќе се зајакнат позитивните економски движења.

Сите овие фактори упатуваат на добри изгледи за годинава, со очекуван економски раст од околу 4 %. Инфлацијата ќе се движи по патека на надолно приспособување и се очекува дека ќе се сведе на 2,5 % годинава, по што постепено ќе се врати на својот историски просек од околу 2 %“, истакна гувернерот Славески, посочувајќи дека главните фактори за ваквите очекувања се поволните движења на светските цени, закотвените инфлациски очекувања и ограничените притисоци од домашната побарувачка. Натамошната стабилизација на надворешната позиција на економијата ќе обезбеди дополнителен девизен потенцијал и соодветно ниво на девизни резерви, неопходни за одржувањето на стабилноста на домашната валута. Гувернерот истакна дека високата светска променливост и неизвесност и понатаму постојат. Народната банка внимателно ќе ги следи економските остварувања со цел да ја зачува ценовната и финансиската стабилност, а воедно и за да обезбеди поддршка за одржлив економски раст во наредниот период.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Листа на номинации за Наградите на актерите за 2026 година
Следна Статија Азиско-пацифичките пазари се отворија мешано, додека Trump влијае врз одбранбените фирми и цените на нафтата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Голем недостиг на бакар претставува ‘системски ризик’ за светските економии, предупредува С&П

Групата за податоци прогнозира дефицит од 10 милиони тони до 2040 година, еквивалентен на речиси една третина од тековната светска…

January 9, 2026
ЕКОНОМИЈА

Ќе се олеснува кредитирањето при купување прв стан, вели Славески

Извршниот одбор на Народната банка усвои нова Одлука за макропрудентните мерки поврзани со макропрудентните инструменти за квалитетот на кредитната побарувачка…

September 15, 2025
ЕКОНОМИЈА

Суд пресуди дека царините на Трамп се незаконски, тој порача дека царините остануваат

Американски апелациски суд пресуди дека поголемиот дел од царините што неодамна ги воведе претседателот на САД, Доналд Трамп, се незаконски.…

August 30, 2025
ЕКОНОМИЈА

Граѓаните ќе заштедуваат од 50 до 60 милиони евра со влезот на Македонија во СЕПА, појасни премиерот

Со влезот на Македонија во СЕПА, граѓаните ќе заштедуваат од 50 до 60 милиони евра и дотаците нема да се…

March 7, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?