Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: За кратко време ја консолидиравме економијата, индикаторите за раст на БДП се меѓу најдобрите во Европа
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Мицкоски: За кратко време ја консолидиравме економијата, индикаторите за раст на БДП се меѓу најдобрите во Европа
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: За кратко време ја консолидиравме економијата, индикаторите за раст на БДП се меѓу најдобрите во Европа

Објавено December 8, 2024 13:56
Сподели
Сподели

На прес-конференција посветена на економскиот раст, претседателот на Владата рече дека податоците што ги објави Државниот завод за статистика ги надминале и очекувањата на Владата и прогнозите на Светска банка, нагласувајќи дека „во услови на сложени геоекономски и политички случувања, 3 проценти е меѓу најголемите во рамките на ЕУ“. 

– Успеавме да ја консолидираме економијата и индикаторите со коишто денеска можеме да излеземе пред македонската јавност во ова тримесечие се едни од најдобрите во Европа. Многу ретко до сега сме имале можност да се пофалиме со економски резултат што ќе биде еден од најдобрите во Европа. Само пет земји членки на ЕУ имаат повисока стапка на раст во третиот квартал, а што се однесува во регионот, помала стапка на раст во третиот квартал имаат две земји членки на ЕУ, тоа се Грција и Бугарија, 2,4 проценти. Романија е во негативно салдо -0,3 проценти, Словенија е 1 процент. Негативни се стапките на раст на Естонија, Австрија, Латвија, Германија итн. Ако се анализираат податоците ревидирани од првите три квартали оваа година, тогаш може да кажеме дека БДП порасна во просек повеќе од 2,6 проценти, што претставува повеќе од предвидувањата на некои од меѓународните институции, мислам дека тоа беше Светка банка, која предвидуваше раст од 1,8 проценти за 2024 година на БДП на македонската економија, рече Мицкоски на прес-конференција во Владата. 

Очекува раст сличен и повисок во четвртиот квартал (октомври-ноември-декември) од 2024, со што, рече, би се доближиле на годишно ниво од 3 проценти, „што е многу повеќе од предвидените 1,8 проценти“.

Соопшти дека во третото тримесечје од 2024 година, поголем пораст е забележан во секторите: трговија на големо и трговија на мало, транспорт и складирање, објекти за сместување и сервисни дејности со храна, стручни, научни и технички дејности, административни и помошни услужни дејности.

Како што рече, финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во третото тримесечје од 2024 година, номинално растеле за 3,9  отсто, а нејзиното учество во структурата на БДП изнесува 67,7 отсто. Во истиот период, рече Мицкоски, извозот на стоки и на услуги номинално е зголемен за 2, 0 отсто.

-Покрај историски најголемиот раст на странски инвестиции кое до крај на годината очекуваме да надмине една милијарда евра, еве успеавме после консолидирање на македонската економија првите индикатори да бидат едни од најдобрите во Европа, секако и најдобри во регионот. Тука не застануваме, ќе продолжиме да работиме. За кратко време, да заклучам, имаме плус 3 проценти на БДП и рекордно ниво на странски инвестиции за кои, како што кажавме, до крајот на годината очекуваме да биде повеќе од 1 милијарда евра. Можам да кажам дека опоравувањето е на задоволително ниво, секогаш може подобро и ние ќе се стремиме да биде подобро и ќе биде подобро. Што се однесува до личната оценка можам да кажам за краток период ја консолидиравме економијата, и можам да кажам дека сум задоволен, истакна Мицкоски. 

Како што рече, доаѓаат подобри времиња во економијата и се потребни „крупни економски чекори“ за да се надомести „изгубеното во изминатите седум години“, затоа што, рече, Владата пред речиси шест месеци наследила „индустрија во опаѓање, неисплатени плати, јавни претпријатија и акционерски друштва во доминантна државна сопственост во банкрот“

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија “Балистите“ од „улица“ ја бодрат Шкендија
Следна Статија Над 1.000 граѓани ја тужат Фон Дер Лајен поради ковид вакцините и прекршување на нивните права

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Влатко Стојкоски е нов директор на Државен пазарен инспекторат

Влатко Стојкоски е нов директор на Државен пазарен инспекторат (ДПИ), потврдија од Владата за МИА. Досегашниот директор на ДПИ, Горан…

October 30, 2024
ЕКОНОМИЈА

АХВ: Изречени 23 парични казни на продавници за храна

Сто деведесет и два (192) вонредни надзори во малопродажни објекти – мини маркети и продавници за храна, спроведоа минатата недела…

December 6, 2024
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: За минималната плата мораме да постапуваме според закон, ќе има зголемување и нивелирање

Премиерот Христијан Мицкоси денеска повторно порача дека Владата ќе поддржи и примени договор за повисока плата помеѓу работниците и работодавачите,…

January 30, 2026
ЕКОНОМИЈА

МАКЕДОНИЈА РАСПОЛАГА СО 4,75 МИЛИЈАРДИ ЕВРА ДЕВИЗНИ РЕЗЕРВИ Најмногу се пласирани во хартии од вредност

Девизните резерви на крајот на август 2025 година изнесувале 4,754 милијарди евра и во однос на претходниот месец бележат зголемување…

September 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?