Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Над 1.000 граѓани ја тужат Фон Дер Лајен поради ковид вакцините и прекршување на нивните права
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Над 1.000 граѓани ја тужат Фон Дер Лајен поради ковид вакцините и прекршување на нивните права
СВЕТ

Над 1.000 граѓани ја тужат Фон Дер Лајен поради ковид вакцините и прекршување на нивните права

Објавено December 8, 2024 12:28
Сподели
Сподели

Повеќе од 1.000 граѓани на ЕУ се приклучија на тужбата против претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен во случај на прекршување на правата при купување вакцини против Ковид, изјави белгискиот активист Фредерик Балдан, кој ја поднесе тужбата.

Имаме повеќе од 1.000 обвинители – им рече тој на активистите и новинарите, додавајќи дека меѓу овие луѓе има и членови на невладини и професионални организации, како што е Синдикатот на пилотите, како и унгарски и полски претставници.

Има докази дека вакцините одобрени за употреба во ЕУ не се доволно тестирани во однос на ефикасноста во борбата против пандемијата, иако Брисел воведе рестриктивни мерки против оние кои се против задолжителната вакцинација – рече Балдан.

Според него, ова докажува дека Европската комисија од самиот почеток ги прекршила правата на граѓаните, пренесуваат медиумите.

Белгискиот суд во Лиеж вчера не можеше да ги разгледа обвиненијата против Фон дер Лајен и ги одложи рочиштата на неодредено време.

Европското обвинителство протестираше поради тоа што случајот против Фон дер Лајен го разгледуваше белгиското правосудство, инсистирајќи на тоа дека таа има имунитет бидејќи е поврзан со нејзините професионални активности.

„Њујорк тајмс“ претходно објави дека за време на пандемијата на коронавирус, Фон дер Лајен разменила СМС пораки и повици со извршниот директор на „Фајзер“, Алберт Бурл, разговарајќи за најголемата набавка на вакцина досега.

Фон дер Лајен беше поканета да ја открие содржината на нејзините пораки со Бурл, но Европската комисија одби.

Весникот ја нагласува улогата на претседателот на комисијата во постигнувањето договор со „Фајзер“, додавајќи дека според договорот ЕУ ќе купи 1,8 милијарди дози од компанијата „Фајзер“ во вредност од 35 милијарди евра.

Европската комисија ја презеде одговорноста за воведувањето на вакцината низ цела ЕУ во рамките на заедничката шема за набавка, која обезбеди дози на вакцини во вредност од над 20 милијарди евра.

Весникот „Политико“ објави дека стотина милиони дози останале неискористени, што ги чинело даночните обврзници околу четири милијарди евра.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: За кратко време ја консолидиравме економијата, индикаторите за раст на БДП се меѓу најдобрите во Европа
Следна Статија Мицкоски: Македонските граѓани се разочарани од ЕУ, но останува наша стратешка цел

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тори Бруно се придружува на Blue Origin по неговото водство во ULA

Експертен лидер во вселенската индустрија продолжува со кариерата во иновативната приватна вселенска компанија

December 28, 2025
СВЕТ

Хондурас бара апсење на поранешниот претседател Хернандез по помилувањето на Трамп

Генералниот обвинител на Хондурас рече дека наредил хондураските власти и побарал од Интерпол да го извршат налогот за апсење од…

December 10, 2025
СВЕТ

Амазон откри зошто отпушта 14.000 работници, причината е бизарна

Технолошкиот гигант „Амазон“ отпушта 14.000 вработени, но извршниот директор Енди Џаси вели дека причината не е финансиската или дури ни…

October 31, 2025
СВЕТ

Потона подморница со 40 туристи во Египет: Загинаа најмалку 6 лица

Подморница со 40 туристи потона рано изутрината во Египет. Најмалку шест лица загинаа, а девет се повредени откако потона туристичката…

March 27, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?