Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Трамп и Путин се согласија војната во Украина да заврши со „траен мир“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Трамп и Путин се согласија војната во Украина да заврши со „траен мир“
СВЕТ

Трамп и Путин се согласија војната во Украина да заврши со „траен мир“

Објавено March 18, 2025 19:25
Сподели
Сподели

Американскиот и рускиот претседател Доналд Трамп и Владимир Путин за време на нивниот телефонски разговор денеска се согласија дека војната меѓу Русија и Украина мора да заврши со „траен мир“ и преговорите за таа цел ќе започнат веднаш, соопшти Белата куќа.

-Лидерите се согласија дека движењето кон мир ќе започне со прекин на огнот во енергетскиот и инфраструктурниот сектор, како и технички преговори за спроведување на прекин на огнот во Црното Море, целосен прекин на огнот и траен мир, се вели во соопштението објавено по разговорот.

„Овие преговори ќе започнат веднаш на Блискиот Исток“, се додава во документот.

Путин се согласи со предлогот на Трамп, Русија и Украина да престанат да удираат меѓусебно врз енергетската инфраструктура 30 дена. Руските медиуми јавија дека по разговорот со Трамп, Путин и наредил на војската да ги запре нападите врз овие цели на 30 дена.

Кремљ соопшти дека двајцата лидери имале „детална и искрена размена на мислења“ за Украина.

Кремљ истакна дека „клучниот услов“ за спречување на понатамошна ескалација на конфликтот е „целосен прекин“ на странската воена помош и размена на разузнавачки информации со Украина.

-Двајцата лидери се согласија дека иднината со подобрени билатерални односи меѓу Соединетите Држави и Русија ветува многу. Тоа вклучува огромни економски договори и геополитичка стабилност откако ќе се постигне мир, се вели во соопштението на Белата куќа.

Белата куќа вчера објави дека американскиот претседател е „решен“ да постигне договор за ставање крај на руската војна против Украина и дека светот е блиску до мир.

Претходно, специјалниот пратеник на Трамп за Блискиот Исток, Стив Виткоф, ја посети Русија и се сретна со Путин за да разговара за предлогот на САД за 30-дневен прекин на огнот. Кремљ соопшти дека преку Виткоф му биле пренесени „дополнителни сигнали“ на Трамп

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Драма во Велес: Ученик со лисици врзал соучесник и му вперил пластичен пиштол
Следна Статија Тошковски: Промена на раководството на СВР Штип и ОВР Кочани со цел обезбедување ефикасна и непристрасна истрага

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Иранските државни медиуми објавија видео од рака како гали нуклеарна бомба

Иранските државни медиуми објавија видео на социјалните мрежи на кое се гледа рака како гали нуклеарна бомба со натпис „можеби“,…

June 18, 2025
СВЕТ

Трамп: Не знам дали сe уште ќе имам добри односи со Маск

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не знае дали ќе има добри односи со милијардерот Илон Маск во иднина, откако…

June 5, 2025
СВЕТ

Се огласи сопругата на Кирк: Чарли го убија поради патриотизам, вера и милосрдна љубов

Американскиот конзервативен активист Чарли Кирк беше убиен за време на јавен настап во САД, а неговата сопруга Ерика порача дека…

September 13, 2025
СВЕТ

Вториот човек на владејачката германска ЦДУ е за поворно отворање на „Северен поток“ и разговори со Русија

Заменик-претседателот на владејачката германска Христијанска демократска унија (ЦДУ) Михаел Кречмер, изјави дека го поддржува повторното отворање на гасоводите „Северен поток“…

May 25, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?