Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Драма во Велес: Ученик со лисици врзал соучесник и му вперил пластичен пиштол
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Драма во Велес: Ученик со лисици врзал соучесник и му вперил пластичен пиштол
ХРОНИКА

Драма во Велес: Ученик со лисици врзал соучесник и му вперил пластичен пиштол

Објавено March 18, 2025 19:21
Сподели
Сподели

Во СВР Велес, од Основното општинско училиште во Велес денеска во 10 часот било пријавено дека малолетен ученик во училиштето врзал со лисици негов соученик и му вперил пластичен пиштол.

Од малолетникот бил одземен пиштолот и бил предаден на полициски службеници. За настанот бил известен јавен обвинител, Центарот за социјални работи Велес и по целосно документирање на настанот ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат попладнево од СВР Велес.

Воедно од полицијата додадоа дека пиштолот бил испратен на вештачење и ги чекаат резултатите од постапката.

Како што информира директорот на училиштето „Васил Главинов“, Драги Коцевски ученикот учи во шестто одделение во оваа училиште. Тој денеска дошол во училиштето со лисици и пиштол. Ги внел во класот и успеал на училишниот одмор да ги употреби. Поточно со лисиците врзал соученик му го вперил пластичниот пиштолот. Тоа создало паника кај останатите соученици, но и кај дежурниот наставник за време на одморот кој веднаш го информирал директорот и класниот раководител.

Коцевски појаснува дека веднаш постапил, додека заедно со колегите согласно законот ги информирале во Сектор за внатрешни работи Велес и Центар за социјални работи Велес .

-Детето го фрли пиштолот и избега од училиште. Замина дома. Пријавувањето на случката во полиција беше причина што во училишниот двор веднаш пристигнаа полициски службеници. Јас ги повикав неговите родители и службите ја започнаа постапката. Тие се надлежни за нејзино расчистување, појасни Коцевски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Унгарскиот парламент усвои закон за забрана на Парадата на гордоста
Следна Статија Трамп и Путин се согласија војната во Украина да заврши со „траен мир“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Македонски државјанин баран за три убиства уапсен во Тирана

Државјанин кој бил меѓународно баран за три убиства во Македонија е уапсен во Тирана од страна на државната полиција, во…

January 27, 2026
ХРОНИКА

Осми „Марш за ангелите“ во Кочани: Солзи, болка и револт

Семејствата на починатите во пожарот во Кочани, денеска со почеток од 16 часот и 5 минути ќе го одржат осмиот…

May 31, 2025
ХРОНИКА

Елитна проституција со Бразилки во Скопје

По спроведена истражна постапка, денеска предметен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот…

May 26, 2025
ХРОНИКА

Тешко повредена жена во Автокоманда, маж ја удрил во главата со гајба полна со стаклени шишиња

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Тешка…

August 25, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?