Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Македонските граѓани се разочарани од ЕУ, но останува наша стратешка цел
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Македонските граѓани се разочарани од ЕУ, но останува наша стратешка цел
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Македонските граѓани се разочарани од ЕУ, но останува наша стратешка цел

Објавено December 8, 2024 14:42
Сподели
Сподели

Постојат големи фрустрации и разочарувања кај македонските граѓани од Европската Унија, но тоа останува наша стратешка цел бидејќи подобро во моментов, за нас како држава, не постои, изјави премиерот Христијан Мицкоски на прес-конференција.

На новинарско прашање каде државава ја гледа економската перспектива во новиот глобален свет и во ситуација во која е блокирана за влез во ЕУ, Мицкоски одговори дека „како малобројна држава ќе си го бараме својот интерес“ и дека „нашата стратешка определба е да бидеме посветен член на НАТО Алијансата“ каде што, рече, прилично сме посветени со нашата активна улога.

-Остануваме посветени да работиме, да ги решаваме домашните задачи, реформи, економија – тоа е она на кое оваа Влада останува да биде посветена. Во меѓународната политиката има непишано правило дека големите прават тоа што можат, а малите тоа што мораат. Ќе ги следиме и од блиску, внимателно, и ќе се обидеме да антиципираме следни чекори од развојот на настаните на глобално ниво. Имаме свои конекции и во Вашингтон, и во Брисел, и насекаде онаму каде што е потребно. Добиваме информации, анализираме и повлекуваме потези и сите тие се исклучиво водени од една цел – интересот на македонските граѓани, рече Мицкоски на прес-конференцијата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Над 1.000 граѓани ја тужат Фон Дер Лајен поради ковид вакцините и прекршување на нивните права
Следна Статија ДУИ: Упатуваме апел до Премиерот да ги прекине заканите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Денес во Кочани ќе се одржи единаесеттиот „Марш за ангелите“

Денес, сабота, 28 јуни, со почеток во 18:05 часот, во Кочани ќе се одржи единаесеттиот по ред „Марш за ангелите“,…

June 28, 2025
МАКЕДОНИЈА

Пратениците ќе расправаат за интерпелациите против Меџити, Стоилковиќ, Тошковски, Исени и Даути

Собранието денеска треба да ја започне 29. седница на која на дневен ред се пет интерпелации. Четири интерпелации се поднесени…

January 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

Орце Ѓорѓиевски на кафе со Влатко Стефановски: Ќе го направиме Скопје културно катче

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, оствари средба со светски познатиот музичар Влатко Стефановски и кандидатот за градоначалник…

August 20, 2025
МАКЕДОНИЈА

Тошкоски: Нема веќе бришење на казни

Министерот за внатрешни работи Тошковски ги повика граѓаните да не подлегнуваат на измами преку „онлајн“ пирамидални шеми како „Конти“.Говорејќи за…

October 5, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?