Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: При изведба на градежни работи во Струга, поради невнимание урнат ѕид од спомен-куќата на Владо Малески, заштитено културно наследство
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > При изведба на градежни работи во Струга, поради невнимание урнат ѕид од спомен-куќата на Владо Малески, заштитено културно наследство
МАКЕДОНИЈА

При изведба на градежни работи во Струга, поради невнимание урнат ѕид од спомен-куќата на Владо Малески, заштитено културно наследство

Објавено October 16, 2025 08:29
Сподели
Сподели

При изведба на градежни работи на индивидуален објект во старото градско јадро во Струга, во сокачето на Миладиновци, срушен е јужниот ѕид од стара струшка куќа, заштитена како културно наследство.

Директорот на националната установа Завод и музеј Охрид Горан Патчев, за МИА информира дека направиле увид, ќе се стопира работата на терен и ќе се направи проценка на штета, по што ќе се преземат итни неопходни мерки за спречување натамошно оштетување.

Објектот што се уривал не бил под заштита, но при изведба на работите не било водена сметка, при што дошло до обрушување на дел од земјиштето и кровот на старата струшка куќа.

– Направивме првичен увид, се известува нашата инспекција од Управата за заштита на културното наследство и тие ќе дојдат на увид и ќе дадат натамошни смерници – појасни Патчев.

Како стручна институција, Завод и музеј ќе направи проект за санација и реконструкција.

Се работи за стара куќа, која имала заеднички ѕид со објектот што се уривал, која била изложбен простор со етнолошки елементи. Направена е материјална штета.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Николоски: Не ни помислувајте на предвремени избори, по локалните ќе правиме чистка на криминалот
Следна Статија Сиљановска – Давкова очекува помош од ЕУ во пронаоѓањето на креативно решение за деблокада на македонските интеграции

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Слободно ќе ги изразиме своите ставови, кажа историчарот Панов во пресрет на утрешната средба на македонско-бугарската комисија

Треба да ги изразиме сопствените ставови, ставовите на македонската историографија и да видиме кои се тие проблематични точки коишто едната…

October 23, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Ова е нашата визија, Македонија на дела, а не на изговори

Денеска присуствував на пуштање вo употреба на дел од автопат Кичево – Охрид, ова е силен доказ дека Македонија се…

September 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

Нова скандалозна одлука на Судскиот Совет: Пајазити казнет само со 30% од плата за случајот со Рамадани

Наместо разрешување или оддалечување од судската функција, само казна од 30 проценти од платата шест месеци. Контроверзна одлука на Судскиот…

April 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

Македон Димитровски со куп награди се враќа и од Несебар

Македонската математичка сензација Македон Димитровски со куп награди се враќа и од Несебар, Бугарија, каде учествуваше на меѓународниот математички натпревар…

July 7, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?