Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Планот за раст и Реформската агенда не е само услов за интеграција, таа е инструмент за оздравување на нашата држава
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Планот за раст и Реформската агенда не е само услов за интеграција, таа е инструмент за оздравување на нашата држава
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Планот за раст и Реформската агенда не е само услов за интеграција, таа е инструмент за оздравување на нашата држава

Објавено April 23, 2025 12:29
Сподели
Сподели

Секој народ има моменти кога мора да избере: ќе остане во удобната стагнација или ќе се соочи со потребата од длабоки и храбри промени. Државата е токму во еден таков момент – на раскрсницата помеѓу стариот систем и новата европска иднина. Планот за раст и Реформската агенда не е само услов за интеграција. Таа е инструмент за оздравување на нашето општество. Интеграциите и растот се наш компас, но реформите мора да бидат наши одлуки, наши политики, наше национално зреење, истакна премиерот Христијан Мицкоски на дебата за реформска агенда.

Тој порача дека корупцијата е системски проблем, не индивидуална девијација.

-Да бидеме отворени и искрени – корупцијата кај нас не е само појава, таа е дел од начинот на функционирање на одредени делови од општеството. Таа е систем кој се штити сам себе. Ако сакаме во Европската Унија, ако сакаме раст мора да го урнеме тој систем. Имаме наследени ситуации во кои граѓанинот се чувствува понижен, беспомошен, принуден да „плати за да добие“ – било тоа лекарска помош, правна заштита или некаква административна услуга. Таква држава не може да напредува. А уште позагрижувачки е што институциите кои треба да се борат против корупцијата – обвинителството и судството – често пати се неми, неефикасни или пак, под политичко влијание. Реформите во правосудниот сектор се најитни. Без нив, сите други реформи се безвредни, рече Мицкоски.

Премиерот посочи дека нема европско општество ако:

Обвинителот бира по кого ќе отвори предмет, а по кого ќе премолчи;
Судот носи пресуди по избор на политички центри, а не по Устав и закон;
Граѓанинот ја губи довербата дека ќе добие правда.

-Да цитирам еден од најпознатите мислители Жан-Клод Јункер, поранешниот претседател на Европската комисија: „Европа не може да биде заедница на интереси ако не е пред сè заедница на вредности.“ А правдата, почитувани колеги, е највисока европска вредност. Нашата одговорност, како политичари, е да создадеме услови за: Целосна деполитизација на судството, заштита на обвинителите и судиите од политички и бизнис притисоци, но и поинакви механизми за надворешен надзор и отчетност, вистинска, а не формална поддршка на институциите за борба против корупцијата, паралелно со правдата работиме на економска стабилност. Ниту една држава не се развива само со институции – потребна е економија што функционира. Затоа Реформската агенда и Планот за раст мора да оди рака под рака со поддршката на домашните претприемачи, привлекување на странски инвестиции, но и фер пазар каде нема да има монополи, нема фаворизирани играчи и нема административни бариери за реалниот човек, посочи премиерот.

Европа бара конкурентност, но и социјална одговорност. Тоа значи иновации, но и правични плати. Тоа значи раст, но и заштита на работниците.

Мицкоски порача дека време е да носиме одлуки, не да одложуваме.

-Владата која ја предводам е свесна дека без отворен дијалог и вистинско партнерство со граѓанскиот сектор, не може да постигнеме трајни и инклузивни реформи. Затоа, нашата заложба е да ја продлабочиме соработката, преку: редовни консултации при креирање на политики, обезбедување финансиска и институционална поддршка за невладините организации и унапредување на законската рамка која го гарантира вашето учество во процесите на одлучување. Граѓанскиот сектор ни помага да ги чуеме гласовите кои понекогаш не стигнуваат до институциите – гласот на маргинализираните, гласот на младите, гласот на локалните заедници. Токму затоа, сакаме да изградиме однос којшто ќе се темели на доверба, почит и заедничка визија за подобро утре, посочи Мицкоски.

Тој истакна дека историјата нема да не суди по тоа што сме го кажале, туку по тоа што сме го направиле.

-Не ни треба нас дополнителни стратегии, ветувања. Ни треба искреност, доследност и спроведување. Ни треба нов однос кон правдата, кон правото, кон државата. Нека нè води мислата на Робер Шуман: „Европа ќе се изгради преку конкретни постигнувања кои прво ќе создадат солидарност.“ Време е за такви постигнувања. Ви посакувам успешна работа, и ви ја гарантирам нашата отвореност за сугестии и соработка, на тој план, заклучи Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ленче Нелоска именувана за нов директор на Геронтолошкиот завод во Скопје
Следна Статија Палчо: Не го познавав Панче Жежовски, доказите на обвинителството се нецелосни и манипулативни

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова по повод Успение на Пресвета Богородица: Да ја надминеме духовната и моралната криза и да се вратиме на вистинските вредности

Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова, по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица, упати честитка до поглаварот на Македонската православна…

August 28, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Прислушувањето на АНБ не е удар врз мене и новинарите, туку врз демократијата, правото на слобода и темелите на државата

Премиерот Христијан Мицкоски денеска истакна прислушувањето на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) не е удар врз него и новинарите, туку…

September 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Честитка од поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан до новоизбраниот Папа Лав Четиринаесетти

Поглаварот на МПЦ-ОА архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан упати честитка по повод изборот на новиот Папа Лав Четиринаесетти. -Ни…

May 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

Топлотен бран ја зафаќа земјава – препораки за заштита од високите температури

Од денеска до 13 август, според најновата прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи се очекува значително зголемување на дневните температури,…

August 8, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?