Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Нов европски проект за заштита на кафеавата мечка на Шар Планина
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Нов европски проект за заштита на кафеавата мечка на Шар Планина
МАКЕДОНИЈА

Нов европски проект за заштита на кафеавата мечка на Шар Планина

Објавено April 29, 2026 13:13
Сподели
Сподели

Националниот парк Шар Планина се вклучува во нов европски проект за зачувување на кафеавата мечка, со цел долгорочна заштита на динаро-пиндската популација на овој вид.

Станува збор за проектот LIFE DinPin Bear, кој ќе се реализира до 2031 година во девет европски држави. Во рамки на активностите, институцијата ќе спроведува теренски истражувања преку мониторинг, поставување трап-камери и собирање научни податоци за распространетоста и движењето на кафеавата мечка (Ursus arctos).

Од паркот информираат дека дел од поставените камери веќе се оштетени, најверојатно од мечки во потрага по храна, што укажува на нивно активно присуство на територијата.

Според податоците од 2025 година, популацијата на мечката во паркот покажува стабилен тренд, со зголемен број младенчиња. Како главни предизвици се посочуваат отпадот и човечкото вознемирување, додека се регистрирани и поединечни случаи на материјална штета.

Од националниот парк апелираат до посетителите и локалното население да не оставаат отпад и храна на отворено и да ги почитуваат природните живеалишта, со цел да се избегнат несакани средби со диви животни.

Проектот предвидува активности за намалување на фрагментацијата на живеалиштата, подобрување на коегзистенцијата меѓу луѓето и мечките, зајакнување на управувањето и законската рамка, како и унапредување на прекуграничната соработка и вклучување на локалните заедници.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Рубин Земон, член на ЦО на СДСМ: Гоце Делчев не направил ништо за Македонија и не е важен за македонскиот идентитет
Следна Статија Се роди Ѓорѓе Балашевиќ (ФОТО)

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Ѓорѓиевски на конститутивната седница: „Време е за работа – Скопје ќе биде модерен и чист град

На конститутивната седница на Советот на Град Скопје, новиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски упати порака за единство, одговорност и приоритети насочени…

November 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

Костовски до обвинителката Коларевиќ: Ја запревте истрагата за ,,Мазут”, а мене ми крадете од животот што не сте ми го дале

Бизнисменот Трифун Костовски на социјалната мрежа Фејсбук јавно и се обрати на обвинителката Катерина Коларевиќ, за која, како што вели,…

July 11, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Очекувам во јунскиот извештај да бидеме најдобри

Премиерот Христијан Мицкоски денеска повтори дека очекува во јунскиот извештај на ЕУ да бидеме најдобри исто како и во декемврискиот.…

July 3, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Изминатите месеци како Влада покажавме дека може да се функционира поинаку- транспарентноста и отчетноста се наш приоритет

Тука сме да покажеме дека како Влада отчетноста и транспарентноста се наш приоритет, и така ќе продолжиме да функционираме, истакна…

December 4, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?