Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Сиљановска – Давкова очекува помош од ЕУ во пронаоѓањето на креативно решение за деблокада на македонските интеграции
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Сиљановска – Давкова очекува помош од ЕУ во пронаоѓањето на креативно решение за деблокада на македонските интеграции
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска – Давкова очекува помош од ЕУ во пронаоѓањето на креативно решение за деблокада на македонските интеграции

Објавено October 16, 2025 09:52
Сподели
Сподели

Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова очекува помош од Унијата во пронаоѓањето на излезно креативно решение за деблокада на македонските интеграции. На вчерашната средба во Скопје со претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, Сиљановска – Давкова изразила спремност за македонско-бугарски разговори по завршувањето на локалните избори.

Од Кабинетот на Сиљановска-Давкова соопштија дека претседателката ја оценила посетата на фон дер Лајен како охрабрувачка и поттикнувачка за европската реинтеграција на регионот.

Фон дер Лајен пак, разговорот го започнала со изразување отворен интерес на ЕУ за Западниот Балкан, заради неговата природна европска припадност во географска, историска и културна смисла, но и заради тектонските промени на меѓународниот поредок и зголемените светски и европски безбедносни закани.

Македонската претседателка ја реафирмирала посветеноста кон исполнувањето на стратешката цел – полноправно членство во ЕУ.

Таа ги споредила Балтикот и Балканот, посочувајќи ја очигледната разлика: во првиот, земјите, членки на ЕУ, застанаа зад своите соседи, а во вториот, некои членки на ЕУ го користат привилегираниот статус за да го условуваат, па и блокирааат политичкиот пат на соседот кон Брисел.

Уште еднаш укажала  на огромната важност за регионот на: СЕПА, Западно-балканскиот роаминг, „Везилка- Националниот центар за вештачка интелигенција“, „Хоризонт“, како и на големите очекувања од инфраструктурните проекти: „Коридор 8“ и „ Коридор 10“.

Гордана Сиљановска – Давкова предупредила и на опасноста од реплицирање на преседанот со билатерализацијата на македонскиот процес на интеграција, надвор од Копенхагенските критериуми, не само во регионални рамки, туку и пошироко.

„Воедно, потсети на непочитувањето, односно кршењето на некои фундаментални принципи и вредности на основните конститутивни акти на ЕУ што ги гарантираат националниот и културниот идентитет на државите и нациите, како и достоинството и интегритетот на граѓаните. Исто така, изрази спремност за македонско-бугарски разговори по завршувањето на локалните избори.

Сиљановска – Давкова очекува помош од Унијата во пронаоѓањето на излезно креативно решение за деблокада на македонските интеграции, бидејќи како што нагласи, прифаќањето на земјите од Западен Балкан во ЕУ не е само прашање на проширување, туку ја засега безбедноста и стабилноста на Европа. Иницијативата за реформирање на процесот на одлучување во ЕУ, што би ги опфатило и прашањата поврзани со проширувањето на Унијата, односно воведувањето на гласање со квалификувано мнозинство, за Сиљановска-Давкова би било храбра одлука, што ќе доведе до евроинтеграциски исчекор“, соопштија од Кабинетот.

Според Сиљановска – Давкова, ние мораме да ја насочиме енергијата кон реформите во судството и бескомпромисната борба со корупцијата и криминалот.

На средбата, фон дер Лајен ја нагласила јасната волја кај сите 27 земји, членки на ЕУ за забрзано реинтегрирање на Балканот и го поздравила значајниот прогрес постигнат во рамките на Планот за раст, потенцирајќи дека земјава заслужува да оди напред

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија При изведба на градежни работи во Струга, поради невнимание урнат ѕид од спомен-куќата на Владо Малески, заштитено културно наследство
Следна Статија Филипче од Маврово и Ростуше: СДСМ бараше минимална плата од 500 евра, но Мицкоски не прифати

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Владата оддаде почит за жртвите од Сребреница: Овој геноцид останува траен потсетник на обврската за зачувување на мирот

На денешен ден, 30 години по трагедијата во Сребреница, оддаваме почит на сите невини жртви и изразуваме солидарност со нивните…

July 11, 2025
МАКЕДОНИЈА

Вајц го повлече денешното гласање за нацрт извештајот за Македонија

На предлог на известувачот Томас Вајц, Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ) денеска го одложи гласањето за усвојување…

June 4, 2025
МАКЕДОНИЈА

ДКСК потсетува на забраните за вработувања и за трошењето буџетски пари пред локалните избори

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска ги потсети сите државни институции, политичките партии, учесниците во изборниот процес и…

August 11, 2025
МАКЕДОНИЈА

Победата на Трамп е добра вест за Македонија: Негови соработници веќе беа на средба со македонскиот владин врв

Ако денот по утрото се познава, тогаш слободно може да констатираме дека Доналд Трамп е 47-от претседател на Соединетите американски…

November 6, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?