Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Филипче од Маврово и Ростуше: СДСМ бараше минимална плата од 500 евра, но Мицкоски не прифати
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Филипче од Маврово и Ростуше: СДСМ бараше минимална плата од 500 евра, но Мицкоски не прифати
ПОЛИТИКА

Филипче од Маврово и Ростуше: СДСМ бараше минимална плата од 500 евра, но Мицкоски не прифати

Објавено October 16, 2025 08:31
Сподели
Сподели

„СДСМ бараше минималната плата да се зголеми на 500 евра, но Мицкоски и неговата влада тоа не го прифатија,“ изјави претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на граѓанската трибина во Маврово и Ростуше.

Тој истакна дека владата на ВМРО-ДПМНЕ ги игнорираат предлозите што директно влијаат врз стандардот на граѓаните, а резултатот е стагнација на платите и намалување на куповната моќ.

„Премиерот Мицкоски мисли дека во Македонија може добро да се живее со 400 евра, а Славевски дури смета дека и тоа е многу. Албанија веќе ја зголеми минималната плата на 520 евра, а ние, наместо да одиме напред, тапкаме во место“, нагласи Филипче.

Тој додаде дека СДСМ има конкретен план за зголемување на платите и подобрување на животниот стандард, но дека оваа влада нема слух за реалните потреби на граѓаните.

„Ние не зборуваме за бројки, туку за луѓе, за семејства што едвај врзуваат крај со крај. Затоа е важно на 19 октомври сите да се обединиме и да ја поддржиме бројката 5, за политика која носи раст, правда и достоинствен живот за сите,“ порача Филипче

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Сиљановска – Давкова очекува помош од ЕУ во пронаоѓањето на креативно решение за деблокада на македонските интеграции
Следна Статија Кандидат на СДСМ со три кривични пријави повторно во „битка“ за Чешиново-Облешево

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Перински е заинтересиран за градоначалничкото столче, ќе одлучат партијата и граѓаните

Министерот за локална самоупава, Златко Перински, уште еднаш ги потврди своите намери да влезе во трка за градоначалничката фотелја во…

November 27, 2024
ПОЛИТИКА

Архитектот Мишко Ралев најпосакуван кандидат за градоначалник на Скопје во СДСМ

Архитектот Мишко Ралев е најпосакуван избор за кандидат на градоначалник на Скопје во редовите на СДСМ за есенските локални избори,…

April 28, 2025
ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ: Мојсоска од Левица, иако е пратеник, само годинава од партијата инкасирала 3 пати по 54.000 денари

Мојсоска и Левица едно зборуваат пред јавност, на собраниска говорница или пред камери, а сосема спротивно од тоа прават. А…

September 20, 2025
ПОЛИТИКА

Албанец е основач на Охридската Архиепископија, тврди Ахмети

Лидерот на ДУИ продолжува со провокативните изјави сакајќи да докаже дека Албанците се староседелци во Македонија и на Балканот. Ние…

May 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?