Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Филипче најави дека СДСМ следната недела ќе соопшти имиња на дел од кандидатите за градоначалници
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Филипче најави дека СДСМ следната недела ќе соопшти имиња на дел од кандидатите за градоначалници
ПОЛИТИКА

Филипче најави дека СДСМ следната недела ќе соопшти имиња на дел од кандидатите за градоначалници

Објавено June 9, 2025 18:35
Сподели
Сподели

 Во текот на следната недела СДСМ ќе објави дел од имињата на кандидатите за градоначалници од оваа партија за локалните избори кои ќе се одржат во вторта половина на 2025 година, информираше претседателот на СДСМ Венко Филипче при посета на Делчево.

Тој најави дека до крајот на јуни СДСМ ќе ги соопшти имињата на сите кандидати за градоначалници. 

Во текот на следната недела, следната недела значи неделата после 16 јуни ќе објавиме една група на градоначалници, кандидати за градоначалници за околу триесетина општини, а до крајот на месец јуни ќе се објават скоро сите кандидати за градоначалници, истакна Филипче. 

Тој денеска во Делчево направи обиколка на, како што рече, неколку капитални проекти направени во време на Влада на СДСМ.

Заедно со градоначалникот ќе направиме обиколка на неколку капитални проекти за градот којшто се направени со средства на општината и поддржани со средства од Влада во времето на СДСМ. Станува збор за капитални проекти што беа навистина потребни и кои што сериозно го олеснуваат животот на граѓаните во Делчево. Прво обновата на салата АСНОМ која што се користи за многу манифестации. Понатаму мостот кој што исто така го олеснува движењето низ градот,  изградбата на новата градинка во која ќе се сместат повеќе од 100 деца, па затоа има огромна потреба, пазарот којшто е целосно обновен и секако новата пречистителна станица со швајцарскиот проект и  дополнително средства од Владата наменети од пред неколку години, рече Филипче.

Тој додаде дека реализацијата на овие проекти значела „поддршка од Владата на СДСМ, додека од оваа актуелна Влада, Делчево е заборавено и целосно е маргинализирано“.

Жалам што прават таква политичка сегрегација врз основа на тоа кои градоначалник од која партија е тоа граѓаните навистина не го заслужуваат, изјави Филипче. 

Тој се обрати и пред дел од членството на СДСМ во Делчево.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Полицијата не можела да се изначуди како кумот Гоце ги поврзал „цитроенот“ со грабнувањето на Вања
Следна Статија Седумдесет и осумгодишниот планинар Стојанче Костовски викендов се искачи на Олимп

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Арсовски бара извинување од СДСМ: Немам никаква врска со сопствениците на фирмата „Дигитал оне“

Поранешниот портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски ги отфрли обвинувањата на СДСМ за негова поврзаност со фирмата која добила тендери во…

November 30, 2025
ПОЛИТИКА

Шукова: ЗОО во Скопје ќе биде модерна и едукативна со хуман третман за животните

Кандидатката за градоначалничка на Град Скопје, Каја Шукова, денеска ја посети Зоолошката градина и ја претстави својата визија за нејзина…

September 7, 2025
ПОЛИТИКА

Милошоски: СДС и ДУИ им подарија инструмент во рацете на Бугарија за блокада на патот кон ЕУ

Во вечерашната емисија „Само Вистина“ на Канал 5 Телевизија гостуваше пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски каде…

October 8, 2024
ПОЛИТИКА

ДУИ: Стоилковиќ отпушти седум вработени Албанци, ова е директен удар врз принципите на еднаквост

Демократската унија за интеграција изразува длабока огорченост и сериозна загриженост поради скандалозниот и политички неприфатлив потег на министерот Иван Стоилковиќ,…

December 25, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?