Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ДУИ: Стоилковиќ отпушти седум вработени Албанци, ова е директен удар врз принципите на еднаквост
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > ДУИ: Стоилковиќ отпушти седум вработени Албанци, ова е директен удар врз принципите на еднаквост
ПОЛИТИКА

ДУИ: Стоилковиќ отпушти седум вработени Албанци, ова е директен удар врз принципите на еднаквост

Објавено December 25, 2025 13:18
Сподели
Сподели

Демократската унија за интеграција изразува длабока огорченост и сериозна загриженост поради скандалозниот и политички неприфатлив потег на министерот Иван Стоилковиќ, кој отпушти седум вработени Албанци од Министерството за односи меѓу заедниците – институција од клучно значење за спроведување на Охридскиот договор и за гарантирање на меѓуетничката еднаквост во државата.

„Оваа одлука претставува директен удар врз принципите на еднаквост, соживот и правична застапеност и не може да се оправда со невистинити и навредливи изговори за јавноста, како што е тврдењето за таканаречена „дисциплинска мерка“. Во услови кога на вработените им се ускратени најосновните услови за работа – функционални канцеларии, столчиња, техничка опрема и конкретни работни задачи – секоја ваква мерка претставува административна фарса и доказ за однапред умислена дискриминаторска намера.

Од првиот ден на формирањето на оваа Влада и преземањето на овој ресор од страна на министерот Стоилковиќ, албанските вработени зборуваат за веќе добро позната реалност: намерна изолација на еден кат од Министерството, целосен недостиг на основни услови за работа, постојан психолошки притисок и траен страв од селективни отпуштања. Денешната одлука само ја потврдува оваа континуирана и добро организирана намера.

Иронијата е вознемирувачка и политички опасна: Министерството, кое треба да ја штити меѓуетничката еднаквост, свесно се претвора во флагрантен пример за нејзино кршење. Овој потег не е ниту случаен ниту индивидуален, туку одразува пристап кој директно го нарушува духот и начелата на Охридскиот рамковен договор.

ДУИ ја оценува оваа состојба не како обичен административен проблем, туку како сериозен политички и општествен аларм кој ги загрозува меѓуетничките односи. Одговорноста не паѓа само врз министерот Стоилковиќ, туку и врз неговите владини партнери, особено ВМРО-ВЛЕН, чие молчење пред овој скандал е исто толку загрижувачко како и самите постапки на министерот и претставува политичка соодговорност.

Демократската унија за интеграција бара итен прекин на дискриминаторските практики во ова Министерство, безусловно враќање на неправедно отпуштените вработени, како и целосна институционална истрага и јасна политичка одговорност за овој флагрантен акт на дискриминација.

ДУИ ќе продолжи решително да ги брани достоинството, правата и меѓуетничката еднаквост и нема да молчи пред ниту еден обид за враќање на етноцентрични политики кои оваа држава еднаш засекогаш ги остави зад себе“, стои во соопштението од ДУИ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски до Филипче: Ја манипулиравте јавноста со покачување на струјата над пет, десет проценти
Следна Статија Ангелов со предупредување пред Нова година: Ниедна прослава не вреди живот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Груби ги демантираше наводите за неговата поврзаност со палењето на македонско знаме, побара јавно извинување

Поранешниот вицепремиер и функционер на ДУИ, Артан Груби, го осуди палењето на македонското знаме за време на прославата на Денот…

December 1, 2024
ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ: Ги препородивме општините, СДСМ е поим за скандали и афери

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ вели дека ги препородила општините кои, според нив, биле оставени со долгови и празни каси од претходната локална…

September 4, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Судиите со два процента рејтинг треба да си заминат дома

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски изјави дека по локалните избори ќе се знае каква акција ќе се преземе…

October 13, 2025
ПОЛИТИКА

Невладина на екс судијата Лазар Нанев добила 120 000 евра од Еразмус: Заев и СДСМ купуваа судии за да им вршат услуги, обвинува Манасиевски

СДСМ и Зоран Заев преку Агенцијата Еразмус купуваа судии, 120.000 евра се префрлени на невладина организација во сопственост на сега…

August 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?