Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Манасиевски: Наместо свеж кадар и реформи, Филипче прибира негови лојални луѓе по насока на Заев
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Манасиевски: Наместо свеж кадар и реформи, Филипче прибира негови лојални луѓе по насока на Заев
ПОЛИТИКА

Манасиевски: Наместо свеж кадар и реформи, Филипче прибира негови лојални луѓе по насока на Заев

Објавено November 15, 2025 15:18
Сподели
Сподели

Валентин Манасиевски денеска остро реагираше на одлуката на СДС да го именува Александар Трајановски за потпретседател на партијата, оценувајќи дека со тоа „се потврдува континуираното влијание на Зоран Заев врз партиските процеси“.

„Наместо свеж кадар, реформи и фокус на напредок, Филипче по насока на неговиот ментор Заев го постави Александар Трајановски на една од највисоките функции во партијата,“ изјави Манасиевски.

Тој оцени дека ваквиот избор покажува дека, како што вели, „Заев и натаму ги држи конците во СДС и ја води партијата од сенка“. Според него, именувањето на Трајановски, кој претходно ги загуби локалните избори, не е насочено кон обновување на партијата, туку кон „зачувување на истиот круг на луѓе“.

Манасиевски потсети и на, како што рече, „јавноста добро познатиот близок однос меѓу Филипче, Трајановски и Заев“, алудирајќи на нивни заеднички летувања и приватни дружења. „Ова трио не го интересира народот, туку луксузот“, додаде тој.

Во својата изјава Манасиевски оцени дека СДС „продолжува да тоне“ затоа што, според него, истите имиња и понатаму ја водат партијата.

„Наместо реформи и освежување, повторно се поставуваат кадри кои се продолжеток на Зоран Заев“, истакна тој.

На крајот, Манасиевски порача дека, според неговото мислење, „вистинските реформи во СДС ќе бидат можни само доколку Филипче се повлече од партиското раководство“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Сопругата на Андреј од ДНК: Бараме правда, вистина и фер постапка, не сожалување и сочуство
Следна Статија (ВИДЕО) Цветановски: Зошто по скандалот со операцииите нема поднесено кривични пријави?

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Бујар Османи, кандидат за градоначалник на Чаир на Европскиот фронт

Поранешниот министер за надворешни работи и портпарол на Демократската унија за интеграции Бујар Османи ќе биде кандидат за градоначалник во…

July 21, 2025
ПОЛИТИКА

Таравари: Алијанса за Албанците оди во опозиција

Лидерот на крилото на Алијанса на Албанците, Арбен Таравари, вечерва објави дека највисоките раководни органи вечерва донеле одлука партијата да…

May 12, 2025
ПОЛИТИКА

Зајкова: Пратениците од мнозинството избраа соучесништво во насилството наместо превенција

Денеска, уште еднаш, собраниското мнозинство покажа дека нема ни волја, ни храброст, ни совест кога станува збор за заштита на…

March 18, 2026
ПОЛИТИКА

Шилегов: Актуелното раководство на партијата врши самоубиство со умисла на СДСМ

Петре Шилегов, поранешен градоначалник на Град Скопје од редовите на СДСМ и истакнат член на партијата смета дека актуелното раководство…

January 21, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?