Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (ВИДЕО) Цветановски: Зошто по скандалот со операцииите нема поднесено кривични пријави?
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > (ВИДЕО) Цветановски: Зошто по скандалот со операцииите нема поднесено кривични пријави?
ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) Цветановски: Зошто по скандалот со операцииите нема поднесено кривични пријави?

Објавено November 15, 2025 15:16
Сподели
Сподели

Се случи еден од најголемите и најшокантни скандали во здравството, откриени се најмалку 10 непотребни операции на срце. Но се уште нема кривични пријави и нема целосни информации во јавноста. Како е можно за ваков скандал без преседан, министерот да го презентира случајот на ваков начин, без целосни информации и без никакви пријави?, праша денеска на прес-конференција Симона Цветановски од членка на ИО на СДСМ.

Министерот Алиу тврди дека комисија „утврдила“ непотребни операции, но во истата реченица вели дека извештајот не бил финален.

Ако извештајот не е финален, како се утврдени шокантните факти? Ако е утврдено – зошто документот се крие?

Зошто не се објавуваат имињата на клиниките и лекарите кои стојат зад тие интервенции?

Зошто по ваков огромен скандал не се поднесени веднаш кривични пријави и тие да бидат процесирани на останатите органи да постапуваат?

Што се чека? Дали некој треба да биде заштитен? Дали некој да добие време да се извлече, да избега, да се сокријат трагите?

За ваков скандал никој нема право да молчи и да калкулира.

Бараме итно јавно објавување на целосниот извештај, во фазата во која се наоѓа, без преправки, без селекција и без дополнително „пеглање“.

Објавување на сите приватни клиники и субјекти кои биле дел од процесот.

Објавување на сите имиња на комисии, консилиуми, лекари и управители кои носеле одлуки.

Инсистираме јавно да се соопшти, кој дал индикација, кој од докторите дал индикација дека треба да се направат, и тоа за сите интервенции.

Веднаш поднесување кривични пријави – без чекање, без прикривање и без одлагање.

Активирање на ЈО, ДКСК и Финансиска полиција, поради сериозните индиции за корупција, недозволено упатување пациенти и профитирање врз туѓа мака.

Правна и психолошка поддршка за пациентите и семејствата кои се соочиле со траума и ризик по сопствениот живот.

Почитувани граѓани,

Ваков огромен скандал не е и не може да се третира како административен пропуст. Станува збор за сомнеж за злоупотреба на здравствени услуги на најтежок можен начин и треба да се делува веднаш.

СДСМ ќе продолжи да бара целосна одговорност и објавување на сите факти во јавноста, изјави Цветановски на денешната прес-конференција..

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Манасиевски: Наместо свеж кадар и реформи, Филипче прибира негови лојални луѓе по насока на Заев
Следна Статија Оддадена почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Владата сака да го врати паралелниот увоз на лекови предупредува СДСМ

СДСМ преку соопштение за јавност информира дека свиркачи од Министерството за здравство до нив доставиле информации дека Владата на Христијан…

December 16, 2025
ПОЛИТИКА

СДСМ објави видео: Брат на градоначалникот на Гази Баба дивее со „мини купер“, полицијата не го казнува

СДСМ денеска објави видео снимка за која тврди дека е од полициски радар на кој се гледа како братот на…

April 28, 2025
ПОЛИТИКА

Меџити: Коалицијата ДУИ–ЛЕВИЦА е предавство кон Албанците и европската иднина

Првиот вицепремиер и кандидат на ВЛЕН за градоначалник на Чаир, Изет Меџити, остро ја критикуваше соработката меѓу Демократската унија за…

September 17, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Гневот кон ВМРО-ДПМНЕ од коалицијата помеѓу СДСМ, ДУИ и ЛЕВИЦА е огромен

Пред секои локални избори пишуваме програма во која кажуваме што ќе направиме, во овој случај кај Стевче зборуваше што направил,…

October 3, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?