Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: На локалните избори ќе победи владината коалиција
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Мицкоски: На локалните избори ќе победи владината коалиција
ПОЛИТИКА

Мицкоски: На локалните избори ќе победи владината коалиција

Објавено September 18, 2025 21:39
Сподели
Сподели

На локалните избори ќе победи владината коалиција, изјави премиерот Христијан Мицкоски во вечерашното интервју за Алсат М.

– Од тоа што го гледам во бројките и од анкетите, победува владината коалиција, нагласи Мицкоски.

Прашан за одлуката на Левица да оди на избори со свои кандидати во Тетово, Гостивар и Струга, со образложение дека не ја забораваат западна Македонија, тој кажа дека со тоа Левица ја спасува ДУИ.

– Во изборниот процес учествувате за да победите. Левица кажа дека не ја забораваат западна Македонија и ќе имаат кандидати во Тетово, Гостивар и Струга. Но, зошто и во другите општини во западна Македонија немаат свои кандидати. Ако знаете дека нема да победите, а кандидирате кандидат, тогаш сте или нефер кон кандидатот или имате друг политички договор вие да бидете прокси кандидат, а да победи некој друг, рече Мицкоски.

Тој се осврна и на тоа зошто ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе имаат кандидат за градоначалник во Кичево, но не и во Тетово, Гостивар и Струга.

– Во Кичево мислиме дека ќе победиме, а во Тетово, Гостивар и Струга и во други општини каде сметаме дека не можеме да победиме и нема да имаме свој кандидат, и затоа ќе го поддржиме коалицискиот партнер, изјави Мицкоски.

Во однос на ДУИ тој ги отфрли тврдењата дека со критиките за криминал и корупција го крева нејзиниот рејтинг. Прашан дали по обвинувањата за криминал и корупција има приведени членови на ДУИ, рече дека има 20-тина кривични пријави против високи функционери на ДУИ, но зошто не се процесуирани и се на слобода за тоа одлучуваат обвинителството и судот, а не Владата.

Мицкоски потсети на неговата изјава дека ДУИ ќе оди во опозиција и тоа навистина се случи и тие веќе 15 месеци се во опозиција.

За обвинувањата дека за сè е виновна претходната власт, кажа дека тоа се луѓето кои седум години го уништуваа системот, ги клекнаа институциите на колена и го направија најголемиот грабеж во историјата, и тоа не може да се поправи за 15 месеци, иако оваа влада досега успеа да поправи многу.

– Не можеме наеднаш да поправиме се што со децении било уништувано. Направивме многу, а уште повеќе останува да се направи. Ние сме единствената влада која привела министер од сопствените редови, тоа не се случило никому, а знаеме дека голем е бројот на министри кои учествувале во такви девијантни однесувања во минатото. Ветувавме чесна и напорна работа, и тоа го правиме во изминатите 15 месеци. Нема скандали на грабеж, криминал, на висока корупција, како што имаше во изминатите години на дневна основа, изјави премиерот Мицкоски.

За тоа дали актуелната власт е одговорна, како што нагласи, ќе решат граѓаните на избори.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Заработка во септември! Еден хороскопски знак ќе се збогати преку ноќ
Следна Статија (Видео) Сити лесно се справи со Наполи, Рашфорд го реши Њукасл

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Филипче да не глуми лажна загриженост и да им се извини на граѓаните за катастрофите во негово време, реагираат од ВМРО ДПМНЕ

Филипче наместо да глуми лажна загриженост за здравјето на луѓето да им се извини на граѓаните за тоа што во…

September 20, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Планот за раст е повеќе од иницијатива, тој е заложба за вистинска промена

За Македонија Планот за раст е многу повеќе од иницијатива, посочи премиерот Христијан Мицкоски на Самитот на лидерите од Западен…

November 21, 2025
ПОЛИТИКА

Лефков: ДУИ како Влада поддржа укинување на балансерот, сега само манипулира со народот

Владата на ДУИ и СДС во 2023 година донесе Стратегија за реформи на јавната администрација за период 2023-2030, со која…

October 12, 2024
ПОЛИТИКА

Василевска: ДУИ сака да се прикажува како жртва, а во суштина сака да го злоупотреби системот и државата

Македонското општество покрај оние наметнати проблеми со коишто се соочува, економската егзистенција, политичката стабилност, многу други прашања кои се од…

March 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?