Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (Видео) Сити лесно се справи со Наполи, Рашфорд го реши Њукасл
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > (Видео) Сити лесно се справи со Наполи, Рашфорд го реши Њукасл
СПОРТ

(Видео) Сити лесно се справи со Наполи, Рашфорд го реши Њукасл

Објавено September 19, 2025 08:18
Сподели
Сподели

Големото дерби од првото коло од Лигата на шампионите на „Етихад“ заслужено им припадна на „Граѓаните“: Манчестер Сити го победи Наполи со 2:0.

Во центарот на вниманието беше довчерашниот капитен на „Граѓаните“, Кевин Де Брујне, со кого си поигра судбината. Тој го имаше своето деби за Наполи во Лигата на шампионите против „својот“ Сити, но беше заменет во 25-та минута.

Едноставно, Антонио Конте мораше да жртвува некого кога Ди Лоренцо доби директен црвен картон и реши да го направи тоа поранешниот капитен на Сити.

Од тој момент Сити нападна со сите оружја, но Вања Милинковиќ Савиќ беше одличен на голот на гостите. Тој го чуваше својот гол брилијантно, имаше шест одбрани во првото полувреме.

Сепак, во продолжението од натпреварот, тој и Наполи не издржаа со еден играч помалку.

Прво, Ерлинг Холанд ја потврди својата одлична форма и го доведе Сити во водство, а конечниот резултат го постави Дока со првиот гол во сезоната.

 

На другиот крај од Англија, во Њукасл, домаќинот и Барселона одиграа просечен натпревар. Славеа Каталонците со головите на поранешниот играч на Манчестер јунајтед, Маркус Рашфорд.

Првото полувреме донесе само една шанса, пред голот на Барселона, но Барнс не успеа да го совлада Гарсија.

Во вториот дел Рашфорд во 56-та минута со глава го постигна првиот гол, а девет минути подоцна ја скина мрежата на Пуоп. До крајот во 90-та минута Гордон успеа само да го намали резултатот.

 

Ајнтрахт во Франкфурт го декласира Галатасарај. Турскиот шампион кој вложи многу во тимот оваа сезона загуби со 5:1. Акгун му донесе предност на Галатасарај по само осум минути игра и тој резултат на семафорот стоеше до 37.минута, кога изедначи Доан. До крајот на првиот дел играчите на Ајтрахт во втората и четвртата минута од судиското надополнување на времето, постигнаа два гола, преку Узун и Буркарт. Овој вториот со уште еден гол ја зголеми предноста во 66-та, а Кнауф во 75-та минута стави точка на натпреварот.

Убедливи на домашен терен беа и играчите на Спортинг против дебитантот Каират (4:1).

Лошо започна мечот за Спортиг, Хјумланд не реализираше пенал. Тринкао погоди за 1:0 во претпоследната минута од првиот дел. Второто полувреме започна со две големи шанси за Каират. Гостите не реализираа, по што следуваше сурова казна, три гола за три минути. Тринкао постигна гол во 65-та, Алисон две минути подоцна, а во 68-та минута стрелец беше и Кенда. Првиот гол во историјата на Каират во Лигата на шампионите го постигна Едмилсон во 86-та минута.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: На локалните избори ќе победи владината коалиција
Следна Статија Кедев за кардиолошките операции: Стојам зад сè што кажав, има неправилности и треба да се расчистат

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Зидан долго ќе остане на клупата на Франција

инедин Зидан стана нов селектор на француската репрезентација, објави инсајдер Фабрицио Романо. Според Романо, 54-годишниот фудбалски стручњак веќе потпишал долгорочен…

July 21, 2026
СПОРТ

Благоја Милевски не е повеќе селектор на фудбалерите, ФФМ реши да не му го продолжи договорот

Благоја Милевски не е повеќе селектор на најдобрите македонски фудбалери, откако Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) реши да не му…

December 1, 2025
СПОРТ

Фудбалерот на Севиља се вратил дома со својата вереница и начекал хаос (ФОТО)

Куќата на аргентинскиот фудбалер Валентин Барко е ограбена во Севиља каде што настапува за истоимениот шпански прволигаш. Откако се вратил…

December 6, 2024
СПОРТ

Фенербахче му врачи отказ на Жозе Мурињо

Жозе Мурињо повеќе не е тренер на Фенербахче, потврди клубот. Одлуката е донесена откако турскиот гигант не успеа да се…

August 29, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?