Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (ВИДЕО) Костова: Со пораст на трошоците за живот, созреана е потребата од 500 евра минимална плата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > (ВИДЕО) Костова: Со пораст на трошоците за живот, созреана е потребата од 500 евра минимална плата
ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) Костова: Со пораст на трошоците за живот, созреана е потребата од 500 евра минимална плата

Објавено December 15, 2024 12:45
Сподели
Сподели

Трошоците за живот растат, платите стагнираат, граѓаните едвај врзуваат крај со крај. Во услови кога животниот стандард на граѓаните е сериозно загрозен, власта предлага целосно неефикасни мерки, води погрешни економски политики, а на крајот цехот го плаќаат граѓаните. ДПМНЕ не прифати ниту еден еден предлог на СДСМ за подобрување на животниот стандард на гаѓаните. Не се прифати ниту предлог Законот на СДСМ за покачување на минималната плата, ниту амандманот за повисоки плати со Буџетот за 2025 година, ниту предлог Законот за укинување на ДДВ за храна, изјави Кристина Костова, потпретседателка на СДСМ.

Но затоа, наместо реални мерки за подобар живот за граѓаните, Мицкоски им овозможи на трговците да се богатат на грбот на граѓаните. Од помпезно најавуваната есенска кошничка добивме само раст на инфлацијата во месец ноември од 4,3%. На едно четиричлено семејство му се потребни 62.021 денари за да може да го помине месецот. Не само што растат цените на прехранбените производи, туку и за една третина во однос на лани се зголемени сметките за струја.

Дали во математиката на Мицкоски постои формула како со минимална плата од 22.567 денари, дури и двајца членови од семејството да ја земаат, можат да преживеат во месецот? Мицкоски најави и новогодишна кошничка со наводно пониски цени на прехранбените производи, но по истиот модел, откако ја најави, тој им остави време на трговците да ги зголемат цените. Очигледно е дека за новогодишните празници, кошничките на граѓаните ќе останат празни, а полни ќе бидат само касите на трговците. Не смееме да дозволиме работниците да бидат оставени на маргините на општеството. Повеќе од кога било е потребно зголемување на минималната плата. Растот на минималната плата не е само економска потреба, туку и морална одговорност на секоја влада.

Со ова темпо на раст на трошоците за живот, веќе е созреана потребата од 500 евра минимална плата, за да можат граѓаните да имаат пристоен живот и да ги покријат основните месечни потреби за храна и услуги. Ако Владата и Мицкоски навистина се грижат за граѓаните како што кажуваат, тогаш во 2025 година ќе ја зголемат минималната плата на 500 евра, за да се заштити стандардот на работниците и нивните семејства. СДСМ, како одговорна партија нема да отстапи од грижата и посветеноста за обезбедување на посигурен и квалитетен живот на граѓаните и на стопанството. Повторно повикуваме, да се прифатат нашите предлози за повисока минимална плата и за укинување на ДДВ за храна. Ова се решенија кои се во интерес на сите граѓани. Сите ние носиме одговорност да им помогнеме на граѓаните да имаат пристоен живот. Доста е веќе од лаги и лажна грижа, граѓаните заслужуваат и очекуваат Влада која се грижи и работи за нив – рече Костова.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ЦУК: Спасени скијачи кои се загубиле на Попова Шапка поради маглата
Следна Статија (ФОТО) Холандска спортистка позираше за „Плејбој“ и го собори рекордот во продажба на списанието

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Советникот на Таравари со повик до членството: Народот ни го даде својот глас – да не ги разочараме, да не ја предадеме АА во туѓи прегратки

Членот на претседателството на Алијансата за Албанците и политички советник на Арбен Таравари во Министерството за здравството, Сабри Азири, се…

May 15, 2025
ПОЛИТИКА

Филипче од Конгресот: Ние сме лекот, ние сме гласот што грми, СДСМ била факелот кој го покажувал патот

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на 31. Конгрес на партијата упати остар и симболичен говор, во кој СДСМ ја позиционираше…

January 24, 2026
ПОЛИТИКА

Томовски ги демантира обвинувањата од СДСМ

иректорот на Службата за општи и заеднички работи Ивица Томовски преку објава на Фејсбук ги демантира денешните обвинувања од СДСМ.…

December 6, 2025
ПОЛИТИКА

Костовски: Бутел ќе добие 3 нови детски градинки во Радишани, Бутел 1 и Визбегово

Ветувам дека ќе изградиме 3 нови детски градинки. Една нова детска градинка ќе изградиме во населеното место Радишани, каде што…

September 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?