Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ЦУК: Спасени скијачи кои се загубиле на Попова Шапка поради маглата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > ЦУК: Спасени скијачи кои се загубиле на Попова Шапка поради маглата
МАКЕДОНИЈА

ЦУК: Спасени скијачи кои се загубиле на Попова Шапка поради маглата

Објавено December 15, 2024 12:20
Сподели
Сподели

Шест лица кои се изгубиле на Попова Шапка, поради густата магла и новиот снег, беа пронајдени и успешно евакуирани благодарение на брзата реакција на службите за итни случаи.

Како што информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК), вчера преку Единствениот повикувачки број за итни случаи 112, била добиена пријава дека група скијачи не можеле да се ориентираат по патеката. Проблемот настанал кога, по качувањето со скии-лифт на горните патеки, во моментот кога се обиделе да се спуштат, паднала густа магла, а снежната покривка не била изгазена од други скијачи, што им ја отежало ориентацијата

„Скијачите веднаш се јавиле за помош на бројот 112, по што биле известени СВР Тетово и раководителот на РЦУК Тетово“, велат од ЦУК.

Првиот успех во потрагата се постигнал кога вработениот на ски-лифтот успеал да ги пронајде петте од изгубените лица, а во 16:15 часот било пронајдено и шестото лице. Прво, сите биле згрижени во полициската станица на Попова Шапка, а потоа безбедно се вратиле во своите домови.

Од ЦУК упатуваат апел до сите посетители на зимските туристички центри да бидат внимателни и да се информираат за условите пред да се упатат на патеките.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Трамп ќе добие 15 милиони долари по спогодба за клевета од телевизијата ABC
Следна Статија (ВИДЕО) Костова: Со пораст на трошоците за живот, созреана е потребата од 500 евра минимална плата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Крис Павловски со сочувство и донација за настраданите од Кочани

Крис Павловски, канадски бизнисмен со македонско потекло и близок соработник на американскиот претседател Доналд Трамп, изрази сочувство и донира финансиски…

March 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Нов современ изглед, проширени капацитети: Вака изгледа новиот проект на Охридскиот аеродром

За прв пат по изградбата на аеродромот во Охрид ги прошируваме капацитетите, ќе градиме нова терминална зграда, најави вицепремиерот и…

February 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Професор Иван Саша Шихан: Македонија е пример за тоа како земјите во регионот можат да соработуваат со западните сили

Некои земји во регионот избраа поинаков пат, служејќи како модел за западната соработка во развојот на инфраструктурата, ова го истакна…

May 31, 2025
МАКЕДОНИЈА

Од септември за прв пат образовни асистенти ќе има и во основните и во средните училишта

Во новата учебна година за прв пат образовни асистенти ќе има не само основните, туку и во средните училишта, за…

July 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?