Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Не е време за пиво и скара, туку за протест за 500 евра минимална плата и 100 евра зголемување на другите плати, повика ССМ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Не е време за пиво и скара, туку за протест за 500 евра минимална плата и 100 евра зголемување на другите плати, повика ССМ
МАКЕДОНИЈА

Не е време за пиво и скара, туку за протест за 500 евра минимална плата и 100 евра зголемување на другите плати, повика ССМ

Објавено April 23, 2025 14:39
Сподели
Сподели

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов најави дека работниците на 1. мај излегуваат на протест и ќе бараат зголемување на платите и на минималната плата.

„Платите во Македонија се мизерни, одбиваат од владата да ја зголемат платата, а тука се и недостоинствените услови за работа, и тоа се главните мотиви оваа година на 1. мај да протестираме, а не да маршираме. Затоа сметаме дека оние работници кои сметаат дека се понижени и дека имаат ниски плати, и кои сметаат дека треба да застанат рамо до рамо со ССМ за борбата за подобрување на работничките права, во борба за плати и достоинствени услови за работа. Не е време за празнување, туку да менуваме позиција и да излеземе на простест и да го изразиме нашето незадоволство. „Ако во некоја држава може да каже дека платата е најминимална и на дното, тогаш минималната плата во Македонија го пробуши дното. Не е време за пиво и скара, туку за борба за работнички права“, рече Трендафилов.

Протестот ќе почне во 11 часот пред Работничкиот дом на Први мај. Трендафилов апелираше работниците да покажат единство оти живеат од плата,  не од политика и масовно да излезат да го искажат незадоволството. Тој нагласи дека пет месеци нарочно не се утврдува репрезентативност на ССМ за да не се одржи седница на Економско-социјалниот совет на која Владата ќе мора или да го прифати или да го одбие предлогот на ССМ минималната плата да се покачи на 500 евра.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Трајановски: Ќе се прошири патарината кај Миладиновци
Следна Статија КЗК со апел: Трговците мора да ги прекинат нефер практиките

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Милошоски: Незаконски избор на судии во Апелација, Камбовски изврши и кривично дело

Потпретседателот на Собранието од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски го коментираше вчерашениот избор на судии во Апелацискиот суд нарекувајќи го…

May 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

Николоски: На Скопје му треба силна трансформација, градскиот воз, нови еколошки автобуси, нова инфраструктура

Овие четири години за Скопје се изгубени, сега на градот му треба силна трансформација и ние како Влада и Министерство…

September 30, 2025
МАКЕДОНИЈА

Камбовски: Судскиот совет на седница ќе одлучува како ќе работи во периодот до изборите

Судскиот совет на првата наредна седница ќе донесе одлука како ќе постапува и работи во периодот до завршување на изборите.…

September 1, 2025
МАКЕДОНИЈА

Орце Ѓорѓиевски по изборната победа: Ќе се борам за подобро Скопје

Новoизбраниот градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски вечерва по изборната победа изјави дека веднаш по примопредавањето на функцијата ќе започне…

November 2, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?