Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Фон дер Лајен на четиридневна турнеја низ Западниот Балкан, утре престојува во Скопје
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Фон дер Лајен на четиридневна турнеја низ Западниот Балкан, утре престојува во Скопје
МАКЕДОНИЈА

Фон дер Лајен на четиридневна турнеја низ Западниот Балкан, утре престојува во Скопје

Објавено October 23, 2024 10:00
Сподели
Сподели

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска ја започнува четиридневна посета на земјите од Западниот Балкан, во чии рамки утре ќе престојува во Скопје. 

Како што соопшти Еврокомисијата, за време на турнејата Фон дер Лајен ќе се сретне со лидерите на шесте земји регионот со кои ќе разговара за нивниот пат кон ЕУ, како и за имплементацијата на Планот за раст на Западниот Балкан. 

Посетата на регионот претседателката на ЕК ќе ја почне од Тирана, каде денеска ќе има средба со албанскиот премиер Еди Рама и ќе се обрати на свеченоста по повод стартот на академската година на тиранскиот Колеџ на Европа. Утре претпладне, пак, Фон дер Лајен ќе се сретне со претседателот на Албанија, Бајрам Бегај. 

Од Тирана, Фон дер Лајен ќе допатува во Скопје на средби со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и премиерот Христијан Мицкоски. 

Утре попладне претседателката на Еврокомисијата од Скопје ќе отапува за босанскиот град Јабланица, каде ќе ги посети подрачјата што неодамна беа погодени од поплави. В петок претпладне Фон дер Лајен во Сараево ќе се сретне со членовите на Претседателството на Босна и Херцеговина, како и со претседавачката на Советот на министри, Борјана Кришто. 

Од Сараево в петок Фон дер Лајен ќе замине за Белград на средби со српскиот претседател Александар Вучиќ и со премиерот Милош Вучевиќ. 

В сабота таа ќе престојува во Приштина, каде ќе се сретне со косовската претседателка Вјоса Османи и со премиерот Албин Курти, по што ќе замине за Подгорица на средби со шефот на црногорската држава Јаков Милатовиќ и со премиерот Милојко Спајиќ. 

Овонеделната посета на Фон дер Лајен доаѓа по онаа од пред година кога во регионот го промовираше Планот на Европската комисија за раст на Западниот Балкан. Во меѓу време таа во неколку наврати имаше средби со лидерите од земјите од регионот, од кои последните се одржаа минатата недела на Самитот на Берлинскиот процес во Берлин и на Бледскиот стратешки форум на почетокот на септември. 

На овие средби Фон дер Лајен го истакнуваше значењето на регионот за Европската Унија и на посветеноста на блокот за поддршка на земјите од Западниот Балкан во спроведувањето на реформите и трасирањето на патот кон членство во Унијата. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мерката за замрзнување на маржите до крајот на октомври, синдикалната кошничка намалена за 57 денари
Следна Статија (Видео) Нестварен пресврт на Реал од 0:2 до 5:2, Штутгарт го шокира Јувентус

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Ангелов: Во моментов најсериозен е пожарот во дојранско Николиќ

Во моментов најсериозен е пожарот во дојранското село Николиќ во близина на границата со Грција. Тоа е пожар кој гори…

July 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

ВАШИТЕ ДЕЦА СЕ НАШИ ДЕЦА, РЕКОЛ ГЛАВНИОТ ДОКТОР ВО СОЛУН Муцунски ја посведочи грижата што ја добиваат повредените во две солунски болници

Вашите деца се наши деца“ порачал главниот доктор од солунската болница во која се лекуваат повредени од Кочани изјави министерот…

March 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Уценетиот Асмир Јахоски ја прекина доставата на нафта за автобусите на ЈСП, велат од Град Скопје

Под силен политички притисок уценетиот Асмир Јахоски од Пуцко петрол се приклучува на обидите за креирање хаос во Скопје. Иако…

September 22, 2025
МАКЕДОНИЈА

Николов од Париз: Делиме заедничка визија за обединета, стабилна и солидарна Европа

Односите помеѓу нашите две земји се исполнети со пријателство, меѓусебно почитување и длабока приврзаност кон демократските вредности, кон мирот и…

September 4, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?