Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (ВИДЕО) Бугарски аналитичари: Мицкоски е премиерот кој за првпат го интернационализираше прашањето за Македонците пред ЕУ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > (ВИДЕО) Бугарски аналитичари: Мицкоски е премиерот кој за првпат го интернационализираше прашањето за Македонците пред ЕУ
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Бугарски аналитичари: Мицкоски е премиерот кој за првпат го интернационализираше прашањето за Македонците пред ЕУ

Објавено January 29, 2025 10:26
Сподели
Сподели

Христијан Мицкоски е премиерот кој за првпат го интернационализираше прашањето за Македонците пред ЕУ, сметаат бугарски аналитичари.

-Мицкоски што ѝ кажа на Урсула фон дер Лајен? Дека треба да го признае македонското малцинство во Бугарија. Знаете што кажала Урсула фон дер Лајен? Молчела, ништо не кажала, нема реакција. За првпат Македонија е европеизирана, велат аналитичари од Бугарија.

Инаку, премиерот Мицкоски пред неколку месеци во Владата ја прими претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, која беше во официјална посета на Македонија во рамки на турнејата низ шесте земји од Западен Балкан.

-Остануваме посветени на патот кон полноправно членство во ЕУ, но очекуваме ЕУ да ги уважи легитимните барања на граѓаните дека во иднина нема да се соочуваме со барања кои се во спротивност на вредностите на ЕУ, рече тогаш Мицкоски во своето излагање на заедничката прес конференција со Фон Дер Лајен и додаде:

„Остануваме цврсто посветени како влада на својот пат кон полноправно членство во ЕУ. Нашата визија е јасна- сакаме да бидеме дел од европското семејство споделувајќи ги истите вредности на демократија, владеење на право и почитување на човековите права. Владата ја цени заложбата на Претседателката за проширувањето на ЕУ во најскоро време. Очекуваме, ЕУ, заедно со нас, да помогне во изнаоѓање начини како да го продолжиме нашиот европски интегративен пат истовремено уважувајќи ги легитимните ставови на нашите граѓани дека во иднина нема да се соочуваме со барања кои се во длабока спротивност со идеите и вредностите на коишто почива самата ЕУ“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Откриена лабораторија за фалсификување документи, запленети илјадници исправи од над 50 земји
Следна Статија Божиновска-Ванделт: Германските компании заинтересирани за инвестирање во зелени проекти во Македонија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Двајца пациенти со ретка крвна група добија бубрези од починат донатор

Во текот на вчерашниот ден на хируршките клиники во Скопје e изведена уште една трансплантација на органи од починат донатор,…

November 1, 2024
МАКЕДОНИЈА

Меџити: Ќе се утврдува во колкава мера било загадувањето врз животната средина од пожарот во Трубарево

Повеќе од 15 часа траеше борбата со пожарот во складиштето за рециклирање отпад во Трубарево, тој е локализиран и целосно…

September 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

Директорот на БЈБ Јанев на генерално собрание на ИНТЕРПОЛ, во фокус меѓународната полициска соработка

Во Глазгов, Шкотска – Обединетото Кралство денес започна четиридневното Генерално Собрание на ИНТЕРПОЛ кое ќе трае до 07.11.2024 година, на…

November 4, 2024
МАКЕДОНИЈА

Агелер: Честитки до Шеќеринска, идниот заменик-генерален секретар на НАТО и до премиерот Мицкоски и Владата што ја поддржаа нејзината кандидатура

Американската амбасадорка Анџела Агелер упати честитка за изборот на Радмила Шеќеринска за заменик генерален секретар на НАТО. Честитки до Радмила…

November 19, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?