Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Експлозивот пронајден во Арачиново беше доволен да ги крене во воздух Владата или Собранието, откри Мицкоски
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Експлозивот пронајден во Арачиново беше доволен да ги крене во воздух Владата или Собранието, откри Мицкоски
МАКЕДОНИЈА

Експлозивот пронајден во Арачиново беше доволен да ги крене во воздух Владата или Собранието, откри Мицкоски

Објавено December 22, 2024 18:20
Сподели
Сподели

МВР, Бирото за јавна безбедност и СВР Скопје работат во насока на разбивање на една криминална група на подрачјето на градот Скопје, која што години наназад беше недопирлива за овие институции, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Сведоци сме на една робусна акција на МВР, на Бирото за јавна безбедност и на СВР Скопје, во насока на разбивање на една криминална група на подрачјето на градот, која што години наназад беше недопирлива за овие институции. Но, она кое што го направија овие институции претставува исклучително значајно, затоа што само пред два дена се најдени околу 200 грама експлозив кои се доволни да кренат во воздух која било поголема зграда на Влада, на Парламент, рече Мицкоски.

За потсетување, покрај досегашната заплена на милиони евра, накит, автомобили, часовници и други вредни предмети, во Арачиново со багери, детектори за метал, под земја, но и во шупи, во дворови на куќи и празни плацови се бараше што има скриено криминалната група Беланоца, а најдени се и 14 гранати 40мм и две калапчиња од 200гр ТНТ.

Најави дека ќе продолжат во битката против сузбивање на криминалните структури, но и на повикување на одговорност на политичките криминалци.

Со оваа влада граѓаните можат да бидат безбедни. Продолжуваме во нашата одлучна битка против сузбивање на ваков тип на криминални структури, но и на повикување на одговорност на политички криминалци кои што во изминатите седум години ја пустошеа Македонија. Повикувам граѓаните да бидат, мирни, спокојни и да знаат дека оваа Влада буквално води сметка за се она кое што треба да ја гарантира нивната безбедност, рече Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Пандев спортски директор на националните селекции, Најдоски и Ибраими советници на Омерагиќ
Следна Статија Милошоски: Доколку не постоеше поддршката од ДУИ кога СДСМ го имаше најнискиот рејтинг, Филипче немаше да биде министер

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Сообраќајот кај „Јасен“ во прекин поради одрон

На регионалниот пат Македонски Брод-Скопје, поточно кај резерватот„Јасен“, сообраќајот е во прекин од 08:40 часот, информира АМСМ. Причина за прекинот…

November 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

Николоски: СДС преку тајните служби креираа мастер план во три чекори да се забрани политичкото дејствување на ВМРО-ДПМНЕ

Мастер план во три чекори е криериран од поранешното раководство на СДС преку злоупотреба на безбедносните служби се со цел…

September 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

Марш на ангелите: Корупцијата ни го одреди местото каде да ги славиме нивните родендени – на гробиштата

Во Кочани повторно се одржа марш на родителите, роднините и пријателите на младите кои трагично загинаа во пожарот во дискотеката…

August 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ѓорѓиевски: Подготвен сум да го воскреснам Скопје

Благодарен сум на мојата партија која ми ја укажа довербата да бидам кандидат за градоначалник на Град Скопје, рече Орце…

July 6, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?