Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Трајановски: Ќе се прошири патарината кај Миладиновци
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Трајановски: Ќе се прошири патарината кај Миладиновци
МАКЕДОНИЈА

Трајановски: Ќе се прошири патарината кај Миладиновци

Објавено April 23, 2025 13:34
Сподели
Сподели

Предвидено е проширување на патарината кај Миладиновци и зголемување на процентот на поминувања за електронска наплата на патарините (таг), најави денеска директорот на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) Коце Трајановски при посетата на Куманово каде почна рехабилитација на регионален пат.

Целта е, потенцира, да има што повеќе поминувања со тагови, наместо со кеш и платежни картички.

-Тие патарини, не само таа туку пет-шест, други финансирани од Светска банка беа закочени работите. Успеавме по неколку месеци да се откочат. Ќе се прави уште една лента од десната страна и со тоа да се зголеми проточноста, тоа е една од најтесните грла на патарините во Македонија и се надевам дека за неколку месеци ќе биде решено. Подготвуваме нова одлука со којашто ќе гледаме да имаме што повеќе поминувања на патарините со тагови. Ако сега имаме 35.000 тагови планираме да имаме од 200 до 300.000 тагови слично како што е во Србија. А и тие да важат и во Србија, Грција, Хрватска. Искрено, се надевам дека до лето тоа ќе го направиме, наместо една да има две ленти со тагови, целта е да има што повеќе поминувања со тагови, а помалку со картички и кеш пари, изјави Трајановски.

Трајановски посочи дека се подготвува петгодишна програма за реконструкција на автопатиштата и експресните патишта, меѓу нив и за реконструкција на автопатот Куманово-Скопје, како и на патот помеѓу Хиподром, Петровец и Миладиновци. Годинава, почнува и изработката на петгодишната програма за реконструкција на автопатишта, регионални, експресни патишта преку која ќе бидат утврдени приоритетите.

-Ние сме неполна година. Работиме интензивно на планирање на реконструкција и на автопатиштата и на експресните патишта. Прават напори да се добијат финансиски средства, да се добијат кредити, извори на средства од коишто ќе бидат финансирани, каде што сигурно ќе биде и патниот правец Скопје-Куманово како и триаголникот, Хиподром-Петровец-Миладиновци .Не можеме точно да кажеме. Но, работиме и на петгодишната програма за регионални, автопатишта, експресни патишта, која последен пат била направена во 2013 година. Годинава ќе почнеме да ја правиме, изјави меѓу другото Трајановски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Силен земјотрес од 6,2 степена ја погоди Турција ВИДЕО
Следна Статија Не е време за пиво и скара, туку за протест за 500 евра минимална плата и 100 евра зголемување на другите плати, повика ССМ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: За краток период како Влада покажавме дека наша визија е да изградиме локална самоуправа која ќе биде вистински партнер на секој граѓанин

Денес имам чест и одговорност да зборувам за еден од најважните столбови на нашата демократија – локалната самоуправа. Таа претставува…

December 10, 2024
МАКЕДОНИЈА

Филипче: Нека не води победничкиот дух на 11 Октомври во сите битки и одлуки кои се пред нас

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче преку видео обраќање, упати порака до граѓаните по повод 11 Октомври, Денот на народното востание,…

October 11, 2024
МАКЕДОНИЈА

МНР: Да се избегнуваат патувања во земјите од Блискиот Исток

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до сите македонски граѓани кои се наоѓаат на териториите на земјите од…

June 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Лашкоска: Не увезуваме отпад, ниту ќе увезуваме во иднина

Македонија не увезува отпад, ниту ќе увезува во иднина, тврди заменик-министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска која…

November 18, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?