Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ДУИ: Власта врши политички притисок и во континуитет таргетира наши ексградоначалници
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > ДУИ: Власта врши политички притисок и во континуитет таргетира наши ексградоначалници
ПОЛИТИКА

ДУИ: Власта врши политички притисок и во континуитет таргетира наши ексградоначалници

Објавено April 20, 2026 12:15
Сподели
Сподели

Демократска унија за интеграција тврди дека е мета на политички притисок од власта бидејќи, како што велат оттаму, во континуитет се таргетираат поранешни градоначалници од редовите на ДУИ, како Блерим Беџети од Сарај и Фатмир Дехари од Кичево. Реакцијата на партијата се однесува откако против двајцата ексградоначалници изминатиот период беа поднесени неколку кривични пријави.

„ДУИ не е против институционален надзор и ревизија, но силно се спротивставува на политичкиот притисок и политизираниот пристап. Ние сме за контрола и транспарентност, но не и за селективна и политички мотивирана правда, како што се случува со случаите во Сарај и Кичево“,порачаа од ДУИ.

Во рамките на четвртата седница на Генералниот совет на ДУИ, свикана од лидерот Али Ахмети, меѓу другото, се дискутирало за политичката состојба во земјата. Во оваа смисла било посочено дека постојат тенденции за нарушување на Охридскиот мировен договор, што би довело до последици за стабилноста на земјата.

„Бараме од иницијаторите и спроведувачите на овие дејствија да се повлечат од истите и да се продолжи со целосно почитување на Охридскиот мировен договор, како единствен пат кон стабилност и напредок на земјата кон целосно членство во Европска Унија“,велат од ДУИ.

Освен за политичката состојба во државата, на седницата на ДУИ станало збор и за случувањата во регионот и пошироко. Во оваа смисла било посочено дека последните избори во Унгарија, на кои се прекина долгогодишното владение на Виктор Орбан, ќе влијаат и врз Западен Балкан.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Сведок за „Пулс“: Пред пожарот имаше рација за малолетници, во дискотеката се користеа прскалки и претходно
Следна Статија УЈП апелира: Истече рокот за даноците за 2025 – платете веднаш и избегнете повисок долг и блокади

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Нова анкета: ВМРО-ДПМНЕ-СДСМ 7:1

Последната телефонска анкета за на Институтот за политички истражувања Скопје, направена на потребите на МРТ во септември месец, во која…

September 26, 2025

СДСМ избира ново раководство: Филипче најави „искусни и млади“

СДСМ утре, на 16 декември 2025, треба да го избере новото партиско раководство, односно новите потпретседатели и новиот состав на…

December 15, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Она што Филипче го направи во Атина само не потсети дека кодошењето на сопствената земја не смее да се заборави

Ние сме новата надеж. Ние сме промена која не се плаши да се соочи со предизвиците, да ги поправи грешките…

June 17, 2025
ПОЛИТИКА

Филипче: Категорично сум против етнички поделби во науката

Претседателот на СДСМ Венко Филипче објави дека е категорично против етнички поделби во науката по идејата за формирање паралелна академија…

October 16, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?