Демократската унија за интеграција денес во Градскиот парк во Скопје ја прослави 24-годишнината од своето основањe.
Лидерот на интегративците, Али Ахмети, одржа говор пред присутните, каде што ги спомена успесите на партијата. Ахмети, меѓу другото, ги повика албанските политички партии да направат пакт, за во иднина победникот на изборите да ги претставува Албанците во владата.
„Почнавме од нула, со 1%, 2% од Албанците застапени во институциите, успеавме да поминеме 20%-22%, во рок од две децении, во многу тежок процес. Никогаш не се откажавме, не отстапивме од определбите што си ги поставивме. Почнавме од нула, завршивме со премиер, почнавме од нула, сега сме со претседател на Собранието и со директори и претседатели во многу институции“, рече Ахмети.
