Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Филков: Димитриевски ќе биде наш кандидат за градоначалник на Куманово
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Филков: Димитриевски ќе биде наш кандидат за градоначалник на Куманово
ПОЛИТИКА

Филков: Димитриевски ќе биде наш кандидат за градоначалник на Куманово

Објавено June 6, 2025 17:09
Сподели
Сподели

Претседавачот на Централниот одбор на ЗНАМ Игор Филков вели дека преговорите за настап на претстојните локални избори во рамки на коалицијата се во тек и оти со сигурност може да каже дека ќе имаат свој кандидат за Куманово – Максим Димитриевски кој е и актуелен градоначалник.

-Во моментот преговорите се во тек. Но она што можам да го повтврдам сигурно е дека ние ќе имаме кандидат во градот Куманово, тоа е нашиот претседател Максим Димитриевски. Ќе имаме најмалку едно градоначалничко место во општините во Град Скопје, но и други места ширум републиката за кои се уште траат преговорите, рече Филков во одговор на прашањето дали се преговара со ВМРО-ДПМНЕ за зааеднички настап на локалните избори.

Во однос на тоа дали ЗНАМ би поддржала една изборна единица, тој истакна дека се подготвени веднаш да одат на избори по било кој модел.

  • Ние како ЗНАМ сме подготвени уште утре да има избори, сеедно со било каков модел. Со ова рапидно растење, со ова пристапување на членови и потенцијал, може и во недела да излеземе на избори со било кој модел, рече Филков на денешната прес-конференција на која инфомираше за формирање на градската организација на ЗНАМ во Скопје.

Тој не сакаше да навлегува во детали за измените на Изборниот законик, потенцирајќи дека денеска на прес-конференцијата е во улога на член на претседател на ЦО на ЗНАМ, но, најави дека во Министерството за правда со кое раководи, следната недела ќе има брифинг за сите тековни активности каде, како што рече, ќе биде направен пресек со осврт на реформскаата агенда.

Филков рече дека преговорите се во тек меѓу сите политички чинители, но, оти не ги водат тие, туку се само дел од преговорите. Во Министерството за правда, додаде, сме подготвени и во Изборниот законик се вградени препораките на ОДИХР.

На денешната прес-коференција Филков инфомираше дека е конституирана Градската организација на Движење ЗНАМ за Наша Македонија – Скопје.

-Овој чекор не е само формалност. Ова е почеток на една сериозна, силна и решителна политичка борба. Ова е гласна порака, од срцето на државата, од главниот град Скопје, дека промената што ја бараат луѓето насекаде низ Македонија, веќе добива своја форма, своја структура и своја сила, рече тој.

Додаде дека за претседател едногласно е избран Мирослав Лабудовиќ, магистер по електротрехника и информациски технологии дипломиран електро инженер, актуелен заменик министер во Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, со претходно долгогодишно искуство на разни менаџерски позиции во автомобилската индустрија и електро енергетиката.

Во Градскиот комитет, меѓудругите се и Горан Ајдински, Силвана Кржовска, Горанчо Котески, Билјана Андреска Богданоска, Јорданчо Давитков, Крумислав Мишко Барзов, Ѓоко Буневски, Александра Цветановска, Радмила Чрчева Николова и Љупчо Марковски Калц.

  • Овие храбри и одважни луѓе не се партиски послушници ниту политички марионети. Тие не се функционери по задача, ниту сенки на некои центри на моќ. Ова се личности со непобитен кредибилитет, со изграден авторитет и биографии кои вредат многу повеќе од празните изборни ветувања, рече на прес-коференцијата Филков.

Ќе се бориме, додаде тој, Скопје да се врати на неговите граѓани и да се ослободи енергијата и потенцијалот на овој град.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Големо невреме со град и силен дожд го зафати Дојран
Следна Статија Димитров: Во текстилниот сектор работат 25.000 работници, се очекува намалување на нивниот број за уште 5.000

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Мицкоски: Жалам што Ахмети правата на бугарската заедница ги користи како дневна политика

Правата на бугарската заедница не се тема за дневна политика, вели премиерот Христијан Мицкоски, изразувајќи жалење што лидерот на ДУИ…

October 12, 2024
ПОЛИТИКА

На местата каде ЗНАМ ќе има свои кандидати за градоначалници, ВМРО-ДПМНЕ ќе не поддржи, вели Димитриевски

Претседателот на Движењето ЗНАМ – за наша Македонија и актуелен градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски денеска во изјава за медиумите…

June 28, 2025
ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) Манасков: Бараме оставка од министерката Јаневска и итна смена на директори поради насилството во училиштата

Опозицискиот СДСМ денеска упати остри критики до Министерството за образование и наука поради зачестените инциденти, физички пресметки и појава на…

May 15, 2026
ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) Костова: Со пораст на трошоците за живот, созреана е потребата од 500 евра минимална плата

Трошоците за живот растат, платите стагнираат, граѓаните едвај врзуваат крај со крај. Во услови кога животниот стандард на граѓаните е…

December 15, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?