Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Димитров: Во текстилниот сектор работат 25.000 работници, се очекува намалување на нивниот број за уште 5.000
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Димитров: Во текстилниот сектор работат 25.000 работници, се очекува намалување на нивниот број за уште 5.000
ЕКОНОМИЈА

Димитров: Во текстилниот сектор работат 25.000 работници, се очекува намалување на нивниот број за уште 5.000

Објавено June 6, 2025 17:12
Сподели
Сподели

 Македонските текстилни конфекции се соочуваат со недостиг на порачки од страна на традиционалните германски партнери. Ангел Димитрова од Организација на работодавачи вели дека порачките, односно налозите се драстично намалени. Посочува дека македонските конфекции работат на помали налози, во кои има по стотина парчиња, бидејќи нарачки кои поради малиот обем конфекциите од Бангладеш, не ги прифаќаат. Немањето работна сила, како и високите трошоци на домашниот пазар, се причини поради кои текстилната индустрија станува неконкурентна.

 -Цените на нашите услуги, за она што го работиме  надвор не растат како што нагло порасна и минималната плата, која е 58% од просечната и тоа голем дел од конфекциите ги направи нерентабилни. Она што сега работиме се ситни налози, изјави Димитров.

Тој додава дека од некогашните 65.000, во моментот во текстилниот сектор работат околу 25.000 работници. Неговите проценките  се дека во наредниот период бројот на вработени може да се намали за уште 5.000. Според Димитров бројот на вработени во овој сектор се намалува не само поради тоа што нема работа, туку и поради фактот што младите не сакаат да работат во текстилните конфекции. Прашан како да се надмине проблемов, тој одговара дека очекува да почне со работа Економско социјалниот совет. На првата седница на Економскиот социјален совет ќе побараат и ќе се борат за подобрување на  Законот за работно ангажирање, со што какошто вели Димитров пензионерите нема да имат годишно ограничување од максимум 180 работни дена.

 -Ние предлагаме за пензионерите кога ќе работат да нема ограничување годишно. Ако пензионерот, сака да работи може да работи на 4 или 8часа и тоа е во ред. Но, зошто да му се ограничува времето ? Зошто да му се ограничи работата на 3 месеци, а он сака и понатаму да работи? Со тоа пак ќе го тераме да работи во сива економија, на црно . Како и сега што работат сите пензионери на црно, рече  Димитров, од Организацијата на работодавачи.

Во 2024 година  извозот на текстилната и кожарската индустрија изнесува 518.5 милиони долари и е 6,15% од вкупниот извоз на државата. Висока застапеност со околу 93% има на лон производството , а само 7% отпаѓаат на класичното производство.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Филков: Димитриевски ќе биде наш кандидат за градоначалник на Куманово
Следна Статија Од Клиничкиот центар на Србија во Белград отпуштени последните два пациента поврдени во пожарот во дискотеката во Кочани

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Азески на работна средба со француската компанија Буиг за поддршка на инфраструктурни инвестиции

Во Стопанската комора се одржа работна средба со француската компанија Буиг (Bouygues). Високите претставници на компанијата изразија интерес и подготвеност…

September 10, 2025
ЕКОНОМИЈА

Цените на бакарот надминаа 13.000 долари

Цените на бакарот надминаа 13.000 долари за тон, достигнувајќи нов максимум откако црвениот метал се тргуваше на лондонската берза LME,…

January 7, 2026
ЕКОНОМИЈА

Југоисточна Европа: Стратешки коридор што Вашингтон не смее да дозволи да го игнорира

Институтот за национална безбедност (NSI) при Универзитетот Џорџ Мејсон во САД, преку својот блог The SCIF, објави дел од  анализата…

April 2, 2026

Азиските акции растат водени од Вол Стрит; Јужна Кореја се опoравува по тарифните затегнувања

Позитивни Signs на глобалните финансиски пазари со забележителен подем на азиските берзи

January 28, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?