Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: СДСМ: Јаневска да се вразуми и да ја повлече штетната Концепција за гимназиско образование
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > СДСМ: Јаневска да се вразуми и да ја повлече штетната Концепција за гимназиско образование
ПОЛИТИКА

СДСМ: Јаневска да се вразуми и да ја повлече штетната Концепција за гимназиско образование

Објавено January 29, 2025 10:48
Сподели
Сподели

Предложената Концепција за гимназиско образование на министерката Јаневска е на директна штета на учениците, наставниот кадар и иднината на образовниот систем. Јавноста, учениците, професорите и стручната фела со право реагира и недвосмислено нагласуваат дека предложената Концепција за гимназиско образование е несоодветена и неприфатлива, велат од СДСМ.


– Иако се најавува како реформа во суштина е катастрофално лоша и ја загрозува суштината на еден воспитно-образовен процес. Концепцијата ги маргинализира основните општествено-хуманистички дисциплини како Филозофија, Социологија, Логика и Етика, кои се клучни за развојот на критичката мисла и интелектуалните способности на учениците. Наместо модернизација и унапредување на образованието, предложените реформи ја загрозуваат неговата суштина. Укинувањето или маргинализацијата на овие предмети значи дека ќе продуцираме генерации на ученици кои нема да знаат како да размислуваат критички и рационално. Дополнително, неприфатливо е да се сведува етиката на „пример од личното однесување на наставниците“. Ова укажува на крајно несериозен пристап кон научната мисла на етиката, логиката и другите дисциплини кои ги едуцираат младите да бидат одговорни и слободоумни личности. Ја повикуваме министерката Јаневска, веднаш да ја повлече предложената Концепција и итно да отворат јавна дебата. Да ги вклучат мислењата и анализите на стручната фела, професорите, учениците и експертите. Реформите да се темелат на детални и транспарентни анализи, а не на онлајн анкети. Образованието мора да ги подготвува младите за справување со комплексноста на современиот свет, да ги поттикнува да размислуваат критички и да бидат морално храбри личности. Само преку квалитетно образование ќе создадеме генерации кои ќе бидат столб на едно понапредно и праведно општество, се вели во соопштението од СДСМ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Граѓаните се повикуваат на бојкот на продавниците во петок и преку летоци
Следна Статија Тетовец со нож ги нападнал мајка му и сестра му

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Савески: Предметот „Мазут“ е во Вишото јавно обвинителство

Јавниот обвинител Ненад Савески изјави дека останува на принципиелниот став да не коментира политички изјави, но нагласи дека комуникацијата со…

June 11, 2026
ПОЛИТИКА

Меѓу новите министри има експерти и политички кадри од коалициските партнери

Синоќа Собранието со 69 гласа „за“ ги потврди новите министри, со што се заокружи процесот на кадровско освежување на извршната власт. Новиот…

July 14, 2026
ПОЛИТИКА

Мицкоски нема да се кандидира за претседател на државата

Нама да се кандидирам на претседателски избори во 2029 година, изјави денеска македонскиот премиер Христијан Мицкоски. За време на престојот…

July 1, 2026
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Не очекувам до локалните избори да има какви било интервенции во Владата

Премиерот Христијан Мицкоски не очекува до локалните избори оваа година да има какви било интервенции во Владата. Како што нагласи…

January 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?