Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Костова: Скопје е пример за катастрофалното владеење на ДПМНЕ со општините
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Костова: Скопје е пример за катастрофалното владеење на ДПМНЕ со општините
ПОЛИТИКА

Костова: Скопје е пример за катастрофалното владеење на ДПМНЕ со општините

Објавено September 15, 2025 17:53
Сподели
Сподели

Нашите кандидати за градоначалници се внимателно бирани во секоја Општина, а на локалните избори настапуваме со квалитетни решенија. Граѓаните го препознаваат силниот кадровски и професионален потенцијал на СДСМ, но пред се човечкиот пристап и искрена комуникација, наспроти неодговорното и расипничко водство на ВМРО–ДПМНЕ, рече потпретседателката на СДСМ, Кристина Костова, во интервју за Фактор.мк.

Таа потенцираше дека кандидатите за градоначалници на СДСМ се фаворити во многу општини, не само во оние во кои веќе се на власт, туку и во општините кои изминативе 4 години катастрофално ги водат градоначалници од ДПМНЕ.

– Скопје се гуши во смог и никој од актуелната власт ништо не презема, иако 4 години најголем дел од скопските Општини, како и Градот Скопје, се под водство на ДПМНЕ. Секојдневно укажуваме на неодговорното и расипничко владеење на градоначалниците од редовите на ДПМНЕ. За потсетување, во изминативе четири години се случуваа кражби на нафта наменета за греење на училиштата, дивоградби градени од највисоките раководни лица во Општината и блиски луѓе на градоначалниците. Цената на комуналните услуги порасна, иако нивниот квалитет значително опадна во општините водени од ДПМНЕ, потенцираше Костова.

Таа се осврна и на фактот дека изминативе години нема никакви капитални инвестиции, до толку не се подготвени да работат што најголем дел од нив не беа подготвени ниту да аплицираат за проекти од милијардерскиот кредит на Мицкоски.

– Општинските имоти се раскрчмуваат, се продаваат по багателни суми на лица блиски до ДПМНЕ. Ниту еден градоначалник од ДПМНЕ нема ниту еден капитален проект којшто решава повеќедецениски проблем или реализира визија за идните децении, потенцираше Костова.

Во интервјуто таа нагласи и дека градоначалниците од ДПМНЕ не ги реализираа програмите и ветувањата со кои се расфрлаа во 2021 година.

– Во ваква атмосфера, важно е ние граѓаните силно и одлучно да го спречиме понатамошното тонење на Општините под водство на ДПМНЕ, а нивните градоначалници слободно можат да си ги препишат програмите од пред четири години, затоа што ништо не сработија, рече Костова.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Камбовски: Националниот идентитет и јазикот не може да бидат предмет на билатерални спорови
Следна Статија Мицкоски на средба со Биковиќ: Иницијатива за инвестиција во Берово

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) Трајчулески до Мицкоски: Зошто го отворате прашањето за македонскиот јазик, не враќате во времето на Груевски со истите мотиви?

Пратеникот на СДСМ, Митко Трајчулески, на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања, упати прашање до премиерот Христијан Мицковски зошто…

July 31, 2025
ПОЛИТИКА

Филипче ќе биде реизбран за лидер на СДСМ на 6-ти април

Внатрепартиските избори на СДСМ за лидер на партија, на кои единствен кандидат е актуелниот лидер Венко Филипче, ќе се одржат…

March 27, 2025
ПОЛИТИКА

Андреевски: Центар беше најубавото место за живеење, мора да се врати духот на општината

Горан Андреевски, кој јавноста го знае како кошаркарски тренер е носител на советничката листа во Општина Центар од ВМРО-ДПМНЕ. Тој…

September 27, 2025
ПОЛИТИКА

Шукова: Нов сомнителен коруптивен тендер во МВР за лиценца за возачки испити, завршил кај советник на ВМРО-ДПМНЕ

„Нов скандал во МВР е на повидок– нов случај на крајно сомнителен, коруптивен тендер којшто отвора сериозни прашања за злоупотреба…

June 29, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?