Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: УЈП апелира: Истече рокот за даноците за 2025 – платете веднаш и избегнете повисок долг и блокади
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > УЈП апелира: Истече рокот за даноците за 2025 – платете веднаш и избегнете повисок долг и блокади
ЕКОНОМИЈА

УЈП апелира: Истече рокот за даноците за 2025 – платете веднаш и избегнете повисок долг и блокади

Објавено April 20, 2026 12:17
Сподели
Сподели

Управата за јавни приходи потсетува дека на 16 април истекоа законските рокови за плаќање на разликите по годишните даночни биланси за 2025 година и ги повикува обврзниците кои сеуште не извршиле уплата, тоа да го сторат без одлагање. Навременото плаќање на даноците е клучно за стабилни јавни финансии и непречено функционирање на јавните услуги, додека ненавременото плаќање значи зголемување на долгот поради камата и ризик од присилна наплата, блокирање на банкарски сметки и други мерки.

Од вкупно 19.550 поднесени биланси за данок на добивка, данок на вкупен приход и данок на личен доход кај вршителите на дејност во кои е искажана обврска за плаќање, кај 10.252 е евидентирана уплата, што укажува на солидно ниво на даночна дисциплина.

УЈП веќе испраќа персонализирани известувања до компаниите и вршителите на дејност со заостанати долгови. Апелираме за итно плаќање на долговите со цел да се избегнат дополнителни трошоци. Во спротивно, ќе следува присилна наплата со дополнителни давачки како еднократна такса и банкарски трошоци кои го зголемуваат вкупниот долг и ќе влијаат врз тековното работење.

УЈП потсетува дека обврските може да се подмират и преку уплата од трето лице, како и преку пребивање со даночно побарување на обврзникот, а на располагање е и можност за плаќање на рати согласно законските услови.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ДУИ: Власта врши политички притисок и во континуитет таргетира наши ексградоначалници
Следна Статија Вонредна прогноза: До среда локално невреме со пороен дожд, грмежи и силен ветер

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Македонија на средина меѓу 43 земји во Европа според задолженоста

Македонија се наоѓа точно на средина меѓу 43 земји во Европа според државниот долг како процент во бруто општествениот производ,…

July 25, 2025
ЕКОНОМИЈА

Велковски: Имаме 18 000 испразнети работни места, а 32 000 семејства на социјална помош

Илјадници работоспособни лица примаат социјална помош, додека голем број работни места и понатаму остануваат празни, вели заменик-министерот за социјална политика,…

December 21, 2025
ЕКОНОМИЈА

Ексклузивно | Извршниот директор на GameStop има смела стратегија за освојување на неговата награда од 35 милијарди долари

Милионерот Рајан Коен најавува значајно преземање - а познатиот инвеститор Мајкл Бари го поддржува

January 31, 2026
ЕКОНОМИЈА

Кинескиот трговски вишок од 1,2 трилиони долари тивко продира во глобалните пазари

Рекордниот трговски вишок на Кина се шири низ светот, при што приходите од извозот што порано завршуваа во државните каси…

January 17, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?