Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ЕЛС бара нови партнери за франшизи во градовите низ Македонија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > ЕЛС бара нови партнери за франшизи во градовите низ Македонија
ЕКОНОМИЈА

ЕЛС бара нови партнери за франшизи во градовите низ Македонија

Објавено December 18, 2024 20:11
Сподели
Сподели

Еко Логистик Сервис (ЕЛС), водечкиот логистички и поштенски бренд во Македонија, отвора можност за соработка со локални претприемачи преку франшизен модел на работа. Компанијата е во потрага по партнери кои ќе управуваат со канцеларии и хабови низ градовите во земјата, од каде граѓаните ќе можат да ги подигнуваат своите пратки.

Со зголемениот наплив на пратки што компанијата го забележува во последниот период, а особено во делот на меѓународните пратки, од ЕЛС велат дека ова е совршена можност за сите претприемачи кои сакаат да станат дел од докажаниот бренд.

„Во последниов период сведоци сме на значителен пораст на пратките, што претставува нова можност за развој на мрежата на ЕЛС. Сакаме да ги прошириме нашите капацитети со нови партнери кои ќе го препознаат потенцијалот и придобивките од оваа соработка,“ велат од компанијата и додаваат дека заинтересираните претприемачи можат да поднесат апликација на официјалната веб-страница на ЕЛС, на info@els.mk или да се јават на 076/234-926.

ЕЛС е ексклузивен доставувач на Али Експрес за Македонија, што дополнително го зголеми и обемот на работа, со што се отвори и можноста за отворање поголем број хабови. Со оглед на стабилноста на компанијата која е водечки бренд на пазарот, ова би значело можност за бизнис со минимален ризик и побрз поврат на инвестицијата.

Во моментов, ЕЛС располага со 40 хабови кои се под франшиза и кои во последнава година поради огромниот наплив на пратки, двојно го зголемија својот приход и бројот на доставени пратки.
Компанијата има речиси 75% пазарен удел во пратки за кореспонденција и 62% во пакетските услуги. ЕЛС обезбедува целосна техничка и логистичка поддршка за успешна работа, вклучувајќи системи за следење на пратките, обука за персоналот и оптимизација на процесите.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Oд здравствени причини одложен концертот на Владо Јаневски во „Јане Сандански“
Следна Статија Божиновска: Ја поздравувам одлуката на РКЕ за незначително покачување на цената на струјата за домаќинствата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Дански фонд планира 1.000 станови во Скопје, а веќе купил 250

Данскиот инвестициски фонд „Вексткапитал груп“ значително го зголемува своето присуство на македонскиот пазар на недвижности. Фондот веќе поседува 250 станови…

February 15, 2026
ЕКОНОМИЈА

Во време на енергетска криза во ТЕЦ Неготино бил доставува штетен мазут

Клиентeлизмот на СДС и ДУИ излезе на виделина. Целата мизерија на СДС, ДУИ и поранешното раководство на ЕСМ пред очите…

November 9, 2024
ЕКОНОМИЈА

Девизните резерви во октомври зголемени за 568,9 милиони евра

Девизните резерви на крајот на октомври годинава изнесувале 4.975,6 милиони евра и во однос на претходниот месец бележат зголемување за…

November 8, 2024
ЕКОНОМИЈА

Ристески: Мерките со ограничени маржи на производите кои истекуваат на 30 април дадоа ефекти

Двете одлуки кои ги донесе Владата за ограничување на бруто профитните маржи кои овојпат беа скалести, 5, 10 и 15…

April 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?