Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Комитетот за финансиска стабилност го усвои Годишниот извештај: Финансискиот систем е стабилен
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Комитетот за финансиска стабилност го усвои Годишниот извештај: Финансискиот систем е стабилен
ЕКОНОМИЈА

Комитетот за финансиска стабилност го усвои Годишниот извештај: Финансискиот систем е стабилен

Објавено March 25, 2025 17:10
Сподели
Сподели

Финансискиот систем и натаму е стабилен, додека ризиците се на умерено ниво. Ова е општиот заклучок во Годишниот извештај на Комитетот за финансиска стабилност за 2024 година, којшто Kомитетот го усвои на својата последна седница.

Во Годишниот извештaј се наведува дека домашниот финансиски систем покажува висока отпорност на шокови и успешно се справува со тековните предизвици. Во 2024 година, финансиските институции работеа во поповолно макроекономско опкружување, постигнаа солидни резултати и придонесоа кон продлабочено финансиско посредување.

Ризиците за финансиската стабилност што произлегуваат од различните сегменти на финансискиот систем се умерени, како и ризикот од „зараза“, односно прелевање на ризиците од еден во друг сегмент. Сепак, и натаму има одредени неизвесности, главно поврзани со надворешните фактори, како што се геополитичките тензии и економската фрагментација. Како мала и отворена економија, домашниот систем сѐ уште е изложен на надворешни шокови, поради што е потребна постојана претпазливост.

Во тој контекст, финансиските институции и носителите на макропрудентните политики треба внимателно да ги следат состојбите, заради одржување на финансиската стабилност. Финансиските регулатори ќе продолжат со координирано следење на состојбите, навремена размена на информации и доколку е потребно, ќе преземат соодветни мерки во рамките на своите надлежности. Тие располагаат со доволно инструменти за зачувување на финансиската стабилност, обезбедувајќи нејзино одржување и во наредниот период.

Комитетот за финансиска стабилност е меѓуинституционално тело одговорно за спроведување на макропрудентната политика и координација при следење на системските ризици и финансиските кризи. Него го сочинуваат претставници од сите финансиски регулатори: гувернерот на Народната банка, министерот за финансии, претседателите на Агенцијата за супервизија на осигурувањето (АСО), Агенцијата за супервизија на капитално финансираното пензиско осигурување (МАПАС) и Комисијата за хартии од вредност (КХВ), пет претставници од Народната банка и три од Министерството за финансии.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Јанкоски: ЛДП бара итна и темелна истрага за нападот на вработената во Меѓуопштинскиот центар за социјална работа во Прилеп
Следна Статија Ардиан го презема Акуо, главен играч во обновливите извори на енергија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

За денеска во Македонија најавен бојкот на маркетите поради високите цени

По повиците на социјалните мрежи, денеска се очекува граѓаните да не пазаруваат во маркетите поради високите цени на прехранбените производи.…

January 31, 2025
ЕКОНОМИЈА

Акциите на Nintendo паѓаат по разочарувачки профит, предизвикувајќи загриженост за маржите

Акциите на Nintendo се намалија по објавувањето на финансиски резултати кои покажуваат предизвици во профитабилноста и потенцијални идни пречки

February 5, 2026
ЕКОНОМИЈА

Николоски: 6 нови авиолинии- Македонија директно ќе се поврзе со Дубаи, Барселона, Штутгарт, Лион, Базел и Истанбул

Министерот за транспорт и врски Александар Николовски денес на прес-конференција соопшти дека се воведуват нови 6 дестинации од скопскиот и…

October 25, 2024
ЕКОНОМИЈА

Германските општини заработија 430 милиони евра од данокот на кучиња

Во 2024 година, Германија заработи рекорден износ од данокот на кучиња, а околу 430 милиони евра се влеале во буџетите…

October 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?