Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Oбединетите Арапски Емирати изглегуваат од ОПЕК
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Oбединетите Арапски Емирати изглегуваат од ОПЕК
ЕКОНОМИЈА

Oбединетите Арапски Емирати изглегуваат од ОПЕК

Објавено April 28, 2026 18:47
Сподели
Сподели

Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) ќе се повлечат од Организацијата на земји извознички на нафта (ОПЕК), со почеток од 1 мај, јави денеска државната новинска агенција ВАМ.

Одлуката следи по она што официјални лица го опишаа како „сеопфатна евалуација“, вклучувајќи го и разгледувањето на тековните „пречки“ во Заливот и Ормуската Теснина, пренесе ДПА. Објавата доаѓа еден ден пред закажаниот состанок на ОПЕК во Виена.

Оваа одлука ја одразува долгорочната стратешка и економска визија на ОАЕ и еволуирачкиот енергетски профил, вклучувајќи ги забрзаните инвестиции во домашното производство на енергија, и ја засилува нејзината посветеност на одговорна, доверлива и напредна улога на глобалните енергетски пазари“, наведоа ОАЕ во соопштението пренесено од ВАМ.

Ваквиот потег доаѓа два месеци по почетокот на војната на САД и Израел против Иран, за време на која ОАЕ се соочија со големи напади со дронови и ракети од Техеран, вклучително и врз енергетската инфраструктура. Затворањето на Ормуската Теснина нагло ја ограничи способноста на земјата за извоз на нафта.

Приходите од нафта се основа на економскиот раст и геополитичкото влијание на ОАЕ уште од 1960-тите години. Иако пречките во Ормуската Теснина влијаат врз пратките, во соопштението на ОАЕ се забележува дека среднорочните и долгорочните трендови сè уште укажуваат на пораст на глобалната побарувачка за енергија.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Стојанче Јовановски: Сѐ би дал да можам да ги вратам моето дете и мојата сопруга
Следна Статија Делегации им оддадоа почит на загинатите бранители кај Вејце

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Јорданоски: Ниски откупни цени, неорганизиран пласман и нелојална конкуренција дел од предизвиците во земјоделството

Она што може да се дефинира како значајни проблеми и предизвици во делот на пласманот на земјоделското производство се ниски…

December 16, 2025
ЕКОНОМИЈА

ДЗС: Трошоците за живот во ноември на годишно ниво пораснале за повеќе од четири проценти

Трошоците на животот во ноември 2024 година, во однос на ноември лани, бележат зголемување од 4.3 отсто, а цените на…

December 10, 2024
ЕКОНОМИЈА

Трамп се определува за нов претседавач на Федералните резерви

Во интервју со Вол Стрит Журнал, Трамп истакна дека идниот раководител на Федералните резерви треба да се консултира со него…

December 14, 2025
ЕКОНОМИЈА

Јенот се зголемува, а обврзниците паѓаат по сугестиите на гувернерот на Банката на Јапонија за зголемување на каматните стапки

Забелешките на Казуо Уеда 'јасно сигнализираат' можност за затегнување на монетарната политика на декемвриската средба, велат аналитичарите

December 2, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?