Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: „ЕВН е должна по автоматизам да врши корекција на паушалните сметки“, велат Инженери на Македонија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > „ЕВН е должна по автоматизам да врши корекција на паушалните сметки“, велат Инженери на Македонија
ЕКОНОМИЈА

„ЕВН е должна по автоматизам да врши корекција на паушалните сметки“, велат Инженери на Македонија

Објавено September 12, 2025 09:04
Сподели
Сподели

„Секое домаќинство има право на автоматска исправка на фактурите еднаш на три месеци – алармирани се институциите да го натераат ЕВН да го практикува законот“, велат од ИНРМ.

„Инженери на Република Македонија (ИНРМ) алармираат дека досегашната пракса на ЕВН Хоум за издавање на паушални фактури и префрлање на целата разлика во еден месец е спротивна на Законот за енергетика и предизвикува неправедни, зголемени сметки за граѓаните.

Во месеците јуни и јули на поголем број на домаќинствата им се испорачуваа пониски сметки врз основа на проценета потрошувачка, а во август, по извршеното отчитување и порамнување, целата разлика беше префрлена во еден трисетдневен пресметковен период. На тој начин, потрошувачката во висока тарифа се пресмета во повисоките тарифни блокови, што резултираше со значително поголеми износи на фактурите.

Поради тоа e поднесена претставка до Регулаторната комисија за енергетика, Министерството за енергетика и ЕВН, како и барање за инспекциски надзор до надлежните инспекторати, со цел институциите да преземат мерки во рамките на своите надлежности. ИНРМ инсистира на доследна примена на член 185 став (2) од Законот за енергетика, кој обврзува снабдувачот по автоматизам да издава коригирани фактури еднаш на три месеци, кога сметките се изготвени врз основа на проценета потрошувачка.

Во моментов, граѓаните можат да добијат исправка на ваквите фактури само ако индивидуално поднесат приговор, што е спротивно на законот. На овој начин потрошувачите се ставаат во нерамноправна положба и трпат финансиска штета. Ако оваа пракса продолжи, во грејната сезона домаќинствата ќе се соочат со значителни и неоправдани трошоци.

ИНРМ ја информира јавноста дека додека не се воспостави автоматска корекција на фактурите во согласност со законот, граѓаните имаат право да поднесат приговор до ЕВН на info@evn.mk и да побараат издавање на коригирана фактура. За полесно утврдување на евентуалната штета, може да се искористи едноставниот калкулатор преку кој секое домаќинство може да провери дали е оштетено со паушалното фактурирање за период од три месеци.

Законите ги штитат правата на потрошувачите, само е потребна нивна доследна примена“, се додава во соопштението на ИНРМ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Tројца починати и двајца повредени со несреќата на експресниот пат Штип-Радовиш
Следна Статија Работа во Формула 1: Колку всушност заработуваат механичарите „за три секунди работа“?

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Куповната моќ со сегашната минималната плата во Македонија е повисока од сите земји во соседството

Премиерот Христијан Мицкоски денеска од собраниската говорница порача дека куповната моќ со сегашната минималната плата во Македонија е повисока од…

December 25, 2025
ЕКОНОМИЈА

За денеска во Македонија најавен бојкот на маркетите поради високите цени

По повиците на социјалните мрежи, денеска се очекува граѓаните да не пазаруваат во маркетите поради високите цени на прехранбените производи.…

January 31, 2025
ЕКОНОМИЈА

ПОДНЕСЕТЕ ГИ ДДВ – 04 ПРИЈАВИТЕ НАВРЕМЕ, ИЗБЕГНЕТЕ СТРЕС И ДОПОЛНИТЕЛНИ ТРОШОЦИ

Управата за јавни приходи ги повикува сите даночни обврзници да ги достават потребните документи до своите сметководители и навремено да…

February 22, 2025
ЕКОНОМИЈА

Трајановски: За само една година пуштивме 101 километар патишта вредни 200 милиони евра

Државните патишта се многу важен фактор за функционирање и за развој на државата, воедно, тие се многу важни и за…

August 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?