Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Работа во Формула 1: Колку всушност заработуваат механичарите „за три секунди работа“?
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Работа во Формула 1: Колку всушност заработуваат механичарите „за три секунди работа“?
СПОРТ

Работа во Формула 1: Колку всушност заработуваат механичарите „за три секунди работа“?

Објавено September 12, 2025 09:23
Сподели
Сподели

Поранешен вработен во тимот на „Ред Бул“ во Формула 1, Калум Николас, открил интересни факти за работата како механичар во Формула 1.

Разговорот започнал по одложеното запирање во боксот на Ландо Норис на Големата награда во Италија и коментарите кои следеле на социјалните мрежи.

Николас не можел да не одолее, а да не одговори на тврдењата со кои се оспорува вредноста на работата на механичарите во Формула 1.

Особено го погодил еден коментар во којшто човек кој менува гуми е исмеан како некој којшто работи само „три секунди работа“, што предизвикало остра дебата.

Николас имал значајна улога во тимот на Ферстапен во текот на шампионатската сезона на Холанѓанецот, па знае за што говори. Како што вели, спомнатите коментари се „будалаштини и особено срамни“.

„Просечната плата е околу 60.000 фунти (околу 69.000 евра) годишно, а просечната работна недела трае околу 70 часа. Покрај тоа, летаат во економска класа и никој не добива дополнителни пари за тоа што е дел од пит-стоп тимот“, открил Николас.

Тој открил и дека членовите на пит-стоп тимот не работат само на запирање во боксот туку исто така ги поправаат автомобилите. Тоа е така поради тоа што тимот на тркачкиот викенд може да има само 60 оперативни членови, па многумина извршуваат различни задачи.

Николас го прашале и дали смета дека механичарите се малку платени. Пред хибридната ера, болидите биле многу поедноставни и за нивно склопување или поправка не било потребно многу време како денес.

„Мојата прва плата во Формула 1, кога имав 22 години беше 42.000 фунти (околу 48.000 евра). Тоа тогаш ми делуваше како добивка на лото, особено затоа што немав никакви обврски дома“, продолжил Николас.

„Тогаш сезоната имаше само 17 трки и немаше тркачки викенди по ред. Работното оптоварување со В8 моторите не можеше да се спореди со овие денес“.

Николас ја заврши кариерата на механичар во „Ред Бул“ пред сезона 2025. Пред неколку години воведено беше ограничување на буџетот кое влијаело на платите на вработените, но не значајно.

„Но, и без тоа ограничување механичарите не би заработувале 350.000 годишно. Доколку тоа некогаш се случи можеби ќе размислам за враќање назад“, се пошегувал Николас.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија „ЕВН е должна по автоматизам да врши корекција на паушалните сметки“, велат Инженери на Македонија
Следна Статија Никола Тесла направил рендгенска снимка на своето стапало со машина што самиот ја дизајнирал во 1896 година ФОТО

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Отец Велински им даде благослов и им посака среќа и успех на нашите ракометари на СП (ФОТО)

Гостин на машката ракометна репрезентација на Македонија беше отец Кирко Велински, претставник на Македонската православна црква во Хрватска. Отец Велински…

January 12, 2025
СПОРТ

Скопје станува шаховски центар викендов, учествуваат 200 учесници од 8 земји

На 23 мај, петок во Скопје почнува Меѓународниот младински шаховски турнир „КВАЛИТЕТ 2025”, во организација на Јахја Кемал колеџот и…

May 22, 2025
СПОРТ

(Видео) Коментарот на Медведев за казната на Синер одекна во светот на тенисот

Рускиот тенисер Даниил Медведев имаше интересен предлог за сите кои потенцијално би паднале на допинг тест. Тенискиот свет зборува за…

February 16, 2025
СПОРТ

(Видео) Жестока тепачка на навивачите Црвена звезда со полицијата

Црвена звезда избори пласман во третото коло, во Лигата на шампионите. Очекувано српскиот шампион по победата 1:0, во Гибралтар на…

July 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?