Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски задоволен од постигнатиот конзенсус меѓу Софија и Скопје за изградбата на пругата од Коридорот 8
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Мицкоски задоволен од постигнатиот конзенсус меѓу Софија и Скопје за изградбата на пругата од Коридорот 8
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски задоволен од постигнатиот конзенсус меѓу Софија и Скопје за изградбата на пругата од Коридорот 8

Објавено July 17, 2025 14:41
Сподели
Сподели

Премиерот, Христијан Мицкоски средбата во Брисел меѓу двете делегации на Македонија и на Бугарија за доизградба на железничката пруга од Коридорот 8 и заедничкиот тунел ја оцени како исклучително успешна.

– Очекувам дека овие средби ќе резултираат со следниов резултат: Ние да ја завршиме делницата од пругата Коридорот 8 од Крива Паланка до влезот во тунелот, од излезот на тунелот до приклучувањето со постоечката пруга, тоа се два или три километри, да се направи проект и тоа да го реализира Бугарија, како држава, вклучително и модернизација на целокупната пруга од Ѓуешево до Софија, а тунелот да биде заеднички проект, којшто ќе биде финансиран од страна на Европската унија – изјави премиерот Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за постигнаттиот договор во Брисел за железниката пруга со Бугарија, која е дел од Коридорот 8.

Тој посочи дека  ова се отприлика концептите, кон кои треба да конвертира решението и како што рече „јас сум задоволен, што покажуваме дека можеме да изградиме конзенсус, кога станува збор за заедничкиот интерес“.

Министерството за транспорт соопшти денеска дека  во Брисел се одржал состанок на кој присуствувале Државниот секретар на Министерството за транспорт на Македонија, Стефан Волкановски, директорот на ЈП Железници Инфраструктура, Синиша Ивановски, заменик-министерот за транспорт и врски на Бугарија, Љубен Нанов, а во организација на Валентина Суперти, директор за Западен Балкан во Директоратот за проширување и Источно соседство (ДГ ЕНЕСТ). Во однос на заедничкиот проект за изградба на прекуграничниот тунел помеѓу Ѓуешево и Деве Баир, двете страни се договориле да формираат работни групи кои до крајот на месец јули ќе го финализираат текстот на меѓувладиниот Договор со цел да се утврдат конкретните обврски на двете страни за техничките, финансиските, градежните и оперативните аспекти. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Археолози од Швајцарија тврдат дека на албанската страна од Охридското Езеро пронашле докази за најстарата човечка населба на европско езеро
Следна Статија До крајот на месецов треба да биде познато какви мерки би се донеле за зголемувањето на цените

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Да не се крева паника: Се користат и старите и новите банконоти од 50 евра

Последниве неколку дена се појави информација дека истекува важноста на банкнотите од 50 евра, издадени пред 2017, наводно со цел…

April 30, 2025
ЕКОНОМИЈА

Инвеститорот Мајкл Бари открива опции против Орекл

Бари поседува пут опции за акциите на Орекл, што тој го откри во Субстек објава по затворањето на пазарите во…

January 11, 2026
ЕКОНОМИЈА

Од први март побезбедни онлајн плаќања

Oд 1 март 2026 година стапува во сила законската обврска за банките за вршење засилена автентикација на клиентите при извршувањето…

February 27, 2026
ЕКОНОМИЈА

Почнува комисиската расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Во собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска почнува расправата за Предлог-буџетот за 2025 година. Седницата, според веб страницата на…

November 14, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?