Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Археолози од Швајцарија тврдат дека на албанската страна од Охридското Езеро пронашле докази за најстарата човечка населба на европско езеро
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Археолози од Швајцарија тврдат дека на албанската страна од Охридското Езеро пронашле докази за најстарата човечка населба на европско езеро
БАЛКАН

Археолози од Швајцарија тврдат дека на албанската страна од Охридското Езеро пронашле докази за најстарата човечка населба на европско езеро

Објавено July 17, 2025 14:10
Сподели
Сподели

Група научници од Швајцарија и Албанија поминуваат три часа под вода секој ден, макотрпно отстранувајќи дрвени столбови на кои биле потпрени куќите, објави Ројтерс. Археолозите таму наоѓаат и коски од домашни и диви животни, бакарни предмети и керамика со детални резби.

Алберт Хафнер од Универзитетот во Берн изјави дека слични населби се пронајдени во алпскиот и медитеранскиот регион, но дека населбата во Лин, Албанија, е половина милениум постара, датирајќи од пред шест до осум илјади години.

„Органскиот материјал е добро зачуван бидејќи е под вода, а тоа ни овозможува да откриеме што јаделе овие луѓе, што саделе“, рече Хафнер. Неколку студии покажуваат дека Охридското Езеро, кое се наоѓа помеѓу Албанија и Македонија, е најстарото езеро во Европа, старо повеќе од еден милион години.

Староста на наодите се одредува со радиоизотопско датирање и дендрохронологија, која ги брои годините на дрвата. На локацијата беа собрани повеќе од илјада примероци од дрво. Се верува дека населбата, во која можеби живееле неколку стотици луѓе, се простира на околу шест хектари и дека сега, по шест години работа, ископан е само околу еден процент од вкупниот материјал.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Штекли доставил психијатриско мислење дека не е способен да го следи судењето, рочиштето одложено за во август
Следна Статија Мицкоски задоволен од постигнатиот конзенсус меѓу Софија и Скопје за изградбата на пругата од Коридорот 8

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Грците прокоцкале 15 милијарди евра во криптовалути!

Се подготвува нова институционална рамка за целосна контрола на пазарот и компаниите кои работат во Грција. Реизборот на Доналд Трамп,…

November 19, 2024
БАЛКАН

Оваа новинарка на РТС ги нарече студентите „руља“

Бојана Млаџеновиќ е новинарката на РТС која на интервјуто со претседателот Александар Вучиќ ги нарече студентите „руља“. После емисијата студентите…

March 11, 2025
БАЛКАН

Општина Солун воведува блокатори на тркала за непрописно паркираните возила

Со цел спречување на непрописното паркирање, општина Солун од денеска воведува блокатори на тркала што ќе се поставуваат на автомобили…

August 7, 2025
БАЛКАН

„Самоопределување“ освои најмногу гласови на денешните избори во Косово

Најмногу гласови на вонредните парламентарни избори што се одржаа денеска во Косово освои движењето „Самоопределување“ – 44,1 процент, според излезните…

December 28, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?