Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Јанкоски: ЛДП бара итна и темелна истрага за нападот на вработената во Меѓуопштинскиот центар за социјална работа во Прилеп
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Јанкоски: ЛДП бара итна и темелна истрага за нападот на вработената во Меѓуопштинскиот центар за социјална работа во Прилеп
ПОЛИТИКА

Јанкоски: ЛДП бара итна и темелна истрага за нападот на вработената во Меѓуопштинскиот центар за социјална работа во Прилеп

Објавено March 25, 2025 17:07
Сподели
Сподели

„Либерално-демократската партија (ЛДП) изразува длабока загриженост и го осудува вчерашниот инцидент во Меѓуопштинскиот центар за социјална работа во Прилеп, во кој што избеган маж од Психијатриската болница во Демир Хисар пукаше и повреди вработена службеничка. Повикуваме на итна и темелна истрага за да се утврдат околностите и да се лоцира одговорноста за настанот“, изјавува Бобан Јанкоски, член на Извршниот одбор на ЛДП.

Јанкоски истакнува дека безбедноста на граѓаните и вработените во јавните институции мора да биде приоритет и побара зголемени мерки за безбедност во ваквите установи.

„Дополнително, во рамки на заложбите за децентрализација, ќе предложиме центрите за социјална работа да се префрлат под надлежност на општините, со цел да се подобри нивната ефикасност и безбедност. Вработените во овие центри се изложени на секојдневни притисоци, закани и стресни ситуации, што резултира со зголемен број откази од работата“, додава Јанкоски.

ЛДП повикува на системски реформи за да се обезбедат подобри услови за работа и заштита на вработените во овие установи.

Истовремено, Јанкоски во име на партијата изрази поддршка за повредената службеничка и нејзиното семејство, посакувајќи ѝ брзо закрепнување.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Наплаќале 24/7 обезбедување на патарини а обезбедувале само прва смена, злоупотреби при јавни набавки во Државни патишта
Следна Статија Комитетот за финансиска стабилност го усвои Годишниот извештај: Финансискиот систем е стабилен

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Кузеска: Кој ќе ја преземе одговорноста за расипаниот радар?

Денес повторно гледаме како партизацијата и неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ директно ги доведуваат граѓаните во опасност. Радар во Контролата на летање…

September 22, 2025
ПОЛИТИКА

Младите во Македонија спасот го гледаат надвор, бројот на вработени намален за 17.000, велат од СДСМ

Последните податоци се алармантни, откако ВМРО-ДПМНЕ ја презеде власта во 2024 година, бројот на вработени лица во државата е намален…

August 6, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Без разлика на етничката, верската и политичката припадност, на 2 ноември да се обединиме во Кичево за вредностите кои ги застапува Александар

По вториот круг очекувам 59 градоначалници да има коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, со што ќе ја заокружиме највисоката бројка во…

October 29, 2025
ПОЛИТИКА

Петровска: СДСМ мора да излезе со тим кој знае како да ја врати партијата на победнички патеки

Јас прашањето за опстанокот, функционирањето на СДСМ не би го врзувала само со една личност, рече пратеничката од СДСМ, Славјанка…

November 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?