Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Митески: Во наредните две години листата на дечиња кои чекаат за упис во градинките ќе се сведе на нула
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Митески: Во наредните две години листата на дечиња кои чекаат за упис во градинките ќе се сведе на нула
ПОЛИТИКА

Митески: Во наредните две години листата на дечиња кои чекаат за упис во градинките ќе се сведе на нула

Објавено October 2, 2025 11:03
Сподели
Сподели

Кандидатот за градоначалник на Аеродром, Дејан Митески, во гостување на Радио Лидер, говореше за правењето на длабок рез во делот на изградба на нови згради и фокусирање на градба и реконструкција на детските градинки.

„Направивме еден длабок рез во однос на изградба на нови згради и се посветивме максимално на изградба на нова инфраструктура. Градинки, пуштивме една во употреба и една во завршна фаза. 4 години имавме тотални опструкции од Владата, 3 години имавме Влада на СДС, каде што на општините им се правеа големи опструкции, никаква поддршка, подржуваа само општини кои беа во минус, а не ги поддржуваа другите општини. За среќа дојде Влада кој што правилно ги распределува средствата за правилен развој на општините’’, потенцираше Митески.

Актуелниот градоначалник на Аеродром, најави дека за многу скоро од денес, ќе има дополнителен капацитет за дечиња во градинките, односно доволен за искоренување на овој проблем.

„За многу скоро од сега ја завршуваме изградбата на „Изворче“ ,ќе ја пуштиме во употреба и на тој начин сите градинки којшто и се под градинката „Срничка’’ ќе се растеретени и ќе имаме нови дополнителни места за 200 дечиња. Имаме уште еден дел на градинките под „Бубамара’’ тоа е во делот на Ново, Горно и населба Лисиче, каде што започнуваме изградба на комплетно нова градинка и со тој капацитет којшто ќе имаме ќе имаме 0 дечиња на листа на чекање’’, најави тој.

Митески додаде дека неговата визија е да се направат помали градинки кои ќе бидат достапни во населените места.

„Ќе работиме на помали градинки на микро локации каде што ќе им биде поблиску на родителите да ги однесат своите дечиња во градинки и на тој начин ќе пробаме да им ги овозможиме услугите поблиски до дома’’, заклучи Митески.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Дојави за бомби во училишта низ речиси цела Србија
Следна Статија Мицкоски: Целта ни е да станеме центар на дигитални иновации во регионот, земја што ќе привлекува инвеститори и ќе задржува таленти

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Филипче: Тотална дипломатска изолација на државните претставници во ОН, се губи меѓународната позиција на земјата

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната регионална конференција „Еден регион. Една визија. Една иднина“, во организација на Институтот…

September 27, 2025
ПОЛИТИКА

ЗНАМ: Даути е разрешена и таа повеќе не може да ја извршува функцијата во работното тело на Собранието

За Движењето ЗНАМ – За наша Македонија сосема е нејасно на што се темели соопштението од Кабинетот на претседателот на…

January 11, 2025
ПОЛИТИКА

Вреди им врати на ДУИ за скандирањето во Куманово: Партија што никогаш не почувствувала срам нема ни морал ни право да зборува

Партиите денеска ги осудија неприфатливите скандирања на поединци за време на вчерашниот кошаркарски натпревар помеѓу националниот тим на Македонија и…

August 3, 2025
ПОЛИТИКА

Меџити до Ахмети: Со веќе позната реторика подготви се уште долги години во опозиција

Првиот заменик-претседател на владата, Изет Меџити, му порача на лидерот на ДУИ, Али Ахмети да се подготви за уште долго…

November 2, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?