Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Целта ни е да станеме центар на дигитални иновации во регионот, земја што ќе привлекува инвеститори и ќе задржува таленти
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Целта ни е да станеме центар на дигитални иновации во регионот, земја што ќе привлекува инвеститори и ќе задржува таленти
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Целта ни е да станеме центар на дигитални иновации во регионот, земја што ќе привлекува инвеститори и ќе задржува таленти

Објавено October 2, 2025 13:41
Сподели
Сподели

Чест ми е што денес сме заедно со Западнобалканскиот дигитален самит 2025 – место каде не зборуваме само за технологии, туку за тоа како дигитализацијата ја менува иднината на нашите граѓани, бизниси и држави.Денес живееме во време кога дигиталните решенија не се прашање на избор, туку на опстанок и на напредок. Западен Балкан не смее да биде заостанат агол на Европа. Нашата иднина е поврзаност, иновации и знаење, истакна премиерот Мицкоски на денешниот Дигитален самит.  

Овој Самит е симбол на токму тоа – регионот покажува дека знае да работи заедно, дека може да создава заеднички дигитален пазар и дека може да биде дел од Европската дигитална декада. Денес зборуваме за една тема што не е само технолошка промена, туку суштинска револуција која ја обликува иднината на сите нас – дигитализацијата. „Светот се менува со технологијата побрзо отколку што се менуваме ние самите,“ рече еден современ мислител. Затоа нашата задача е не да го следиме тој напредок, туку да бидеме негови лидери. 

Долго време нашето општество беше заробено во бирократија – редици пред шалтери, печати и документи кои патуваат од канцеларија во канцеларија. Сите ние сме сведоци како луѓето губат часови, па дури и денови, за услуги кои треба да траат во суштина само неколку минути. Тоа мора да биде минато. „Бирократијата е механизмот што ја претвора енергијата во отпор,“ предупредуваше Честерфилд.

Дигитализацијата е нашиот начин да ја победиме таа инертност и да ја претвориме земјата во вистински сервис на граѓаните. Со дигитализацијата ја рушиме нееднаквоста меѓу оние кои имаат пристап и оние кои се оставени на маргините. Кога секој граѓанин ќе може со еден клик да добие документ, тоа е вистинска демократија. Кога секој земјоделец може брзо да добие субвенција, тоа е правда. Кога секоја компанија може дигитално да аплицира за проект, тоа е развој. 

„Информацијата е новата нафта на 21 век,“ велеше Клаус Шваб, основач на Светскиот економски форум. Но, додека нафтата ги создаваше монополите, информацијата може да создаде еднаквост – доколку, се разбира, ја користиме правилно. Дигитализацијата е економска моќ. Таа отвора пазари, носи нови инвестиции и ја зголемува конкурентноста. Со дигитализацијата нашите мали компании добиваат можност да излезат на глобалната сцена. „Во иднината ќе има само два вида на компании – дигитални и оние што повеќе не постојат,“ предупреди еден визионер од Силиконската долина.

Затоа нашата цел е јасна: да станеме центар на дигитални иновации во регионот, земја што ќе привлекува инвеститори и ќе задржува таленти. Но, да не заборавиме – дигитализацијата не е за машините, таа е за луѓето. Таа е за мајката која сака побрзо да го запише своето дете во градинка, за пензионерот кој сака лесно да ја добие својата пензија, за студентот кој сака пристап до знаење и книги онлајн, за секој граѓанин кој сака да ја чувствува државата како пријател, а не како противник. „Технологијата треба да служи на човекот, а не обратно,“ Тоа е наша цел.

Нашата визија е држава која ќе биде целосно дигитална, транспарентна и ефикасна. До крајот на мандатот сите јавни услуги ќе бидат достапни онлајн. Секој граѓанин ќе има свој дигитален идентитет и пристап до сите институции преку мобилен телефон. Ќе создадеме генерации со дигитални вештини – ученици кои ќе бидат конкурентни со своите врсници во Европа. Ќе градиме систем на сајбер-безбедност што ќе гарантира доверба во дигиталното општество.

Со гордост ја претставивме апликацијата М-Услуги – тука министерот за дигитална трансформација, заедно со неговиот тим жестоко и напорно работеше, затоа моја благодарност до Стефан Андоновски, Министерството и тимот од Министерството за развој на оваа апликација. Таа е симбол на новата ера: сите документи во еден дигитален паричник, безбедна размена на податоци, потсетник за рокови и обврски, целосна транспарентност и доверба. Ова е почеток на една дигитална револуција што ќе ја промени државата од корен. Дигитализацијата е нашиот мост кон Европа. Таа е нашиот штит против корупцијата. Таа е нашата шанса да изградиме поефикасна држава и поправедно општество. „Иднината им припаѓа на оние што се подготвуваат за неа денес“. Да бидеме тие што ќе ја изградат иднината. Да бидеме генерацијата што ќе го претвори регионот во дигитален двигател. Со дигитализацијата стануваме земја којашто ќе биде конкурентна со останатите земји во Европа и со регионот, којшто заедно ќе чекориме напред. 

Кога надвор од земјата го подготвував докторатот пред едно 20 години и повеќе и кога го подготвував експерименталниот дел од докторатот, тогаш за прв пат почнавме да применуваме алгоритми од вештачка интелигенција. Тогаш имаше три невронски мрежи, генетски алгоритми и фази логика. Јас одбрав да ја користам фази логиката како алгоритам, за да управувам манипулациони роботи во технолошки процес. И во тоа време тоа претставуваше озбилен, сериозен предизвик за мене како млад стипендиста којшто ја напушти Македонија и гладен за знаење отишол надвор од државата. Кога се вратив желба ми беше тоа знаење да го пренесам на студентите. А денеска како претседател на Владата, желба ми е како држава и како влада да бидеме најдобри во регионот, и јас сум убеден дека до крајот на овој мандат тоа и ќе го направиме.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Митески: Во наредните две години листата на дечиња кои чекаат за упис во градинките ќе се сведе на нула
Следна Статија Механизација на „Дрисла“, оградување на „Вардариште“, нов центар за рециклажа и 15 нови паркови, најави Шукова

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Единаесет години од „Диво насеље“ – Куманово се сеќава на загинатите херои

Денеска се навршуваат 11 години од вооружената престрелка во кумановската населба „Диво насеље“, еден од најтешките безбедносни настани во поновата…

May 9, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Преку вториот повик, имаме 828 потпишани проекти во сите општини во државата без разлика градоначалникот од која партија доаѓа

На денешната седница за пратенички прашања во Собранието, пратеничката Драгана Бојковска му постави прашање на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски…

July 31, 2025
МАКЕДОНИЈА

Николоски: Авиокомпаниите веќе ја таргетираат Македонија како атрактивна дестинација

Политиките што ги работиме во ависообраќајот носат сериозни резултати. Воведовме 24 нови авиолини кон европските центри, забележивме преку 3,3 милиони…

March 29, 2026
МАКЕДОНИЈА

Бешлиовска: Бараме итно вработување на медицинските лица кои со години работат без здравствено и пензиско осигурување

Бараме итно вработување на медицинските лица кои со години работат без здравствено и пензиско осигурување, изјави денеска на прес-конференција, Гордана…

February 4, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?