Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Владата донесе четири заклучоци за погребот на настраданите во пожарот во Кочани
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Владата донесе четири заклучоци за погребот на настраданите во пожарот во Кочани
МАКЕДОНИЈА

Владата донесе четири заклучоци за погребот на настраданите во пожарот во Кочани

Објавено March 19, 2025 19:37
Сподели
Сподели

Владата вечерва одржа вонредна онлајн седница и донесе четири заклучоци што се однесуваат на деновите на жалост и на погребот на настраданите во пожарот во Кочани, кој ќе се одржи утре. Се задолжуваат државните институции, а се препорачува на локалната самоуправа и на работадавачите од приватниот сектор да ги ослободат од работа и работни обврски сите вработени на територија на Кочани, изјави вечерва портпаролката на Владата Марија Митева.

Таа појасни дека здравствените установи, образовните установи и градинките треба да организираат вршење услуги согласно потребите.

Се задолжува МВР да ги преземе потребните безбедносни и сообраќајни мерки. Се задолжува Министерството за здравство во соработка со Ценатрот за управување со кризи и Црвениот крст да обезбеди амбулантни возила. ТППЕ Кочани да ги преземе мерките и активностите согласно своите надлежности, изјави Митева пред Владата.

Таа информираше и за безбедносниот протокол и насоки за етичко известување од погребот на жртвите од Кочани.

Владата во координација со МВР и во консултација со Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и со Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) изготвија протокол за безбедност при известување од погребот на жртвите од трагичниот настан што се случи на 16 март 2025 во Кочани. За претставниците на медиумите кои ќе известуваат за настанот, полициските службеници ќе обезбедат посебна зона од патот на поворката, на 300 метри од влезот на капелата до градските гробишта во Кочани. Овој простор ќе биде обезбеден од припадници на МВР со цел да се гарантира ред и безбедност во означената област. На оваа зона исто така ќе важи забраната за управување со беспилотни летала (дронови), појасни Митева.

Овој медиумски протокол, како што рече, има за цел да ја заштити приватноста на семејствата на жртвите, додека истовремено овозможува новинарите и снимателите безбедно да го следат настанот од соодветна дистанца.

Имајќи ја предвид чувствителноста на оваа трагедија и универзалните етички стандарди за професионално известување, Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) ги повикува сите новинари и медиуми да се придржуваат кон следниве етички принципи: Почитување на личната болка и достоинството – Новинарите треба да известуваат со емпатија, без да навлегуваат во приватноста на семејствата на жртвите. Избегнување на сензационализам – Известувањето за трагични настани мора да биде ослободено од сензации, шпекулации или емотивно набиени наративи, фотографии и видеа. Замолуваме за објавување на проверени информации – Треба да се пренесуваат потврдени факти за да се спречат дезинформации. Зачувување на баланс и непристрасност – Медиумите треба да се осигураат дека нивното известување не придонесува за дополнителна јавна вознемиреност, изјави Митева.

Таа потсети дека Меѓународната федерација на новинари (IFJ) во своето соопштение од 18 март 2025 година за оваа трагедија исто така ја истакна важноста на етичкото известување.

-Со цел да се обезбеди непречено движење и идентификација, медиумските работници треба да поседуваат со себе и прес обележја и новинарски легитимации издадени од нивните матични медиумски куќи, додаде Митева.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Ќе одиме до крај, ќе одговара секој без оглед дали е од ВМРО-ДПМНЕ или СДСМ
Следна Статија Над половина од проверените локали не ги исполнуваат минималните услови, преку 80 отсто ќе бидат затворени

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Македонскиот пасош на 40-то место во светот, без визи може да се патува во 129 земји

Со македонски пасош без визи може да се патува во 129 земји, што го рангира на 40-то место според индексот…

January 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

Денеска е Задушница, утре Педесетница (Духовден)

Православните христијани денеска ја одбележуваат Задушница во знак на сеќавање на починатите, а утре ја празнуваат Педесетница - Слегување на…

June 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

ДКСК: Нема основа за постапување против директорот на АНБ, Бојан Христовски

Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) констатира дека нема основа за постапување по пријавата за судир на интереси и…

December 24, 2024
МАКЕДОНИЈА

Извртен камион го затвори автопатот од Демир Капија до Смоквица

Камион што се излизгал а потоа и се извртел на автопатот „Пријателство“, на делницата од Демир Капија до Смоквица, целосно…

January 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?