Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: РКЕ бара ЕВН Хоум да ги коригира сметките за електрична енергија и да направи соодветна распределба по блокови
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > РКЕ бара ЕВН Хоум да ги коригира сметките за електрична енергија и да направи соодветна распределба по блокови
ЕКОНОМИЈА

РКЕ бара ЕВН Хоум да ги коригира сметките за електрична енергија и да направи соодветна распределба по блокови

Објавено February 7, 2025 13:58
Сподели
Сподели

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) ја информира јавноста дека (согласно Тарифниот систем за продажба на електрична енергија на потрошувачите кои ги снабдува универзалниот снабдувач и снабдувач во краен случај, член 10 став 8 ), сите домаќинства кои добиле сметки за електрична енергија и имаат за прв пат фактурирана потрошувачка во четврт блок, ЕВН Хоум е должен да ги корегира сметките за електрична енергија и да направи соодветна распределба по блокови согласно историјатот на просечната потрошувачка на домаќинството во последните 3 пресметковни периоди.

Потрошувачите кои се незадоволни од пресметката на потрошената енергија и износот на сметката, (согласно член 37 од Законот за енергетика*, Правилата за снабдување со електрична енергија и Правилата за постапување на приговори и разрешување на спорови, потрошувачите за секоја фактура) имаат право да вложат приговор до универзалниот снабдувач ЕВН Хоум.

Доколку потрошувачот не е задоволен од добиениот одговор или не добијат одговор во законски предвидениот рок (од 8 дена), имаат право да поднесат приговор до РКЕ како второстепен орган. За приговорот до РКЕ нема пропишано посебна форма/формулар и кон истиот треба да приложат: копија од вложениот приговор до ЕВН Хоум, одговорот од ЕВН Хоум и копија од сметката по која приговараат.

Приговорот може да се достави во архивата на РКЕ или електронски по е-маил на erc@erc.org.mk и potrosuvaci@erc.org.mk .

Против решенијата на РКЕ незадоволната странка може да поведе Управен спор.

Од 1 јануари 2025 година цената на струјата за просечна потрошувачка во сите четири блокови е зголемена за помалку од еден процент (0,92 %). Конкретно во прв блок цената е зголемена за 0,68%, додека во втор блок цената е зголемена за 0,90 %

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад ги повикува политичките партии да не ги политизираат одлуките на РКЕ кое е независно тело.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Дневен хороскоп за Риби – петок, 7 февруари 2025
Следна Статија Попов: Не можам да го сменам минатото, но можам да ја обликувам иднината, затоа се залагам за транспарентност и вистинска правда

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Николоски и Трајановски на терен во надзор над работата за изградба на автопатот Охрид-Кичево

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и директорот на ЈП за државни патишта Коце Трајановски, во петокот и во…

June 15, 2025

Порше продаде повеќе електрифицирани автомобили во Европа отколку чисто бензински возила

Значаен пресврт во автомобилската индустрија: Порше ја потврдува транзицијата кон електрични возила

January 21, 2026
ЕКОНОМИЈА

Ретки земни магнети: Колку реални се амбициите на Индија?

Индија има план од 800 милиони долари за производство на ретки земни магнети, со цел да ја намали зависноста од…

January 17, 2026
ЕКОНОМИЈА

Во првите 6 месеци извозот расте повеќе од увозот- очекувам и натаму да се намалува трговскиот дефицит, вели Мицкоски

„Во првите шест месеци после долго време извозот повеќе расте во однос на увозот.“, посочи премиерот Христијан Мицкоски при посетата…

August 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?