Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ЕУ одобри 6 милијарди евра за раст на Западен Балкан: Македонија добива 750 милиони евра
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > ЕУ одобри 6 милијарди евра за раст на Западен Балкан: Македонија добива 750 милиони евра
ЕКОНОМИЈА

ЕУ одобри 6 милијарди евра за раст на Западен Балкан: Македонија добива 750 милиони евра

Објавено October 12, 2024 15:40
Сподели
Сподели

Реформските агенди на Македонија, Албанија, Србија, Црна Гора и Косово се одобрени во рамки на новиот Инструмент за реформи и раст во износ 6 милијарди евра, познат како План за раст на Западен Балкан, објави на мрежата „Х’“ унгарското претседателство со ЕУ.

Ова го трасира патот пре-финансирањето да започне за време на унгарското претседателство со Унијата. Поддршката на интеграцијата на Западен Балкан, останува клучен приоритет на унгарското претседателство, се наведува во соопштението.

Согласно Планот за раст на Западен Балкан вреден 6 милијарди евра, земјава треба да добие 750 милиони евра поделени на неколку транши, а првата транша од 7 проценти, односно 52,5 милиони евра, државава ќе ја добие најдоцна до крајот на годината.

Според формулата од Регулативата за инструментот за реформи и раст, усвоена од страна на Европскиот парламент и Советот на ЕУ,  Македонија треба да добие 750,4 милиони евра за периодот 2024-2027 година. Овие средства ќе бидат условени со реализација на конкретни квалитативни и квантитативни чекори поврзани со мерките за планираните реформи.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Измами поврзани со „Конти“: МВР предупредува на лажни профили на социјалните мрежи
Следна Статија Мицкоски за новиот закон по „балансерот“: Законското решение мора да биде уставно и согласно препораките на Венецијанската комисија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Филипче: Со Ребалансот власта ги потврди нашите предупредувања

Ребалансот на Буџетот е директно признание дека економските политики на Владата доживеаја целосен неуспех и дека не носи ништо добро…

July 3, 2026
ЕКОНОМИЈА

Од полноќ ќе точиме поскапо гориво

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за…

November 10, 2025
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Автопатот Прилеп – Битола станува симбол на развојот на Пелагонија, патот до Атина се намалува за 3 – 3,5 часа

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, истакнува дека автопатот Прилеп – Битола станува симбол на развојот на Пелагонија. На…

June 28, 2026
ЕКОНОМИЈА

М-НАВ: Претседателот на ССКЛ, Тасевски призна дека штрајкот што го најави е незаконски

М-НАВ АД Скопје денеска преку соопштение повтори дека Струковиот синдикат на контролори на летање ССКЛ, евентуалното организирање на штрајк како…

October 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?