Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Охрид доби директна авиолинија со Виена
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Охрид доби директна авиолинија со Виена
ЕКОНОМИЈА

Охрид доби директна авиолинија со Виена

Објавено June 21, 2026 17:01
Сподели
Сподели

Авион на „Аустријан ерлајнс“ денеска слета со 154 патници на охридскиот аеродром „Свети апостол Павле“, со што беше означен почетокот на новата воздушна врска меѓу Виена и Охрид. Летовите ќе се реализираат двапати неделно, секои четврток и недела, во периодот до 18 октомври, овозможувајќи директна поврзаност на Охрид со еден од најважните европски воздухопловни центри.

Министерот за транспорт, Александар Николоски, истакна дека отворањето на линијата има стратешко значење за државата и за развојот на воздушниот сообраќај.

– Ова е значаен ден за охридскиот аеродром и за целиот регион. Преку аеродромот во Виена, патниците од Охрид ќе имаат пристап до повеќе од 200 конектинг-лета кон 66 држави во Европа, Северна Америка, Азија и во Африка. Тоа значи нови можности за туризам, бизнис и за економски развој – изјави Николоски.

Тој посочи дека особено е важно што линијата ја оперира токму „Аустријан ерлајнс“, една од најреномираните европски авиокомпании, што претставува дополнителна потврда за атрактивноста на македонскиот пазар.

Генералниот директор на „ТАВ Македонија“, Неџат Курт, оцени дека новата авиолинија ќе придонесе за зголемување на бројот на туристи и за подобрување на меѓународната поврзаност на земјава.

– Оваа авиолинија ќе донесе бројни придобивки – од раст на туристичкиот промет до подобра економска поврзаност на земјава. Нашите очекувања се дека ќе донесе околу 5.000 дојдовни патници, што ќе има позитивен ефект врз локалната економија и врз туристичкиот сектор – нагласи Курт.

Според него, отворањето на новата линија доаѓа во период кога македонските аеродроми бележат значителен раст на патничкиот сообраќај и се меѓу најбрзорастечките аеродроми во Европа.

Од „Аустријан ерлајнс“ истакнаа дека со воведувањето на летовите кон Охрид, дополнително го зајакнуваат своето присуство во Северна Македонија.

– Горди сме што ја отвораме втората дестинација во Македонија. Охрид станува сè попривлечен за патниците од целиот свет и веруваме дека оваа линија ќе придонесе за уште поголема туристичка и деловна размена меѓу двете земји – изјави Штефан Линхарт, виш директор за продажба за Централна и Источна Европа, Израел и Турција во групацијата „Луфтханза“.

Поддршка за новата авиолинија изрази и заменик-шефот на мисијата на австриската амбасада во Македонија, Матијас Хуменбергер.

– Оваа директна врска претставува важен чекор во зајакнувањето на односите меѓу Австрија и Македонија. Покрај подобрената поврзаност, линијата ќе придонесе и за развој на туризмот, деловната соработка и на културната размена меѓу двете земји – рече Хуменбергер.

Новата линија Виена – Охрид е втора новоотворена авиолинија од охридскиот аеродром во текот на овој месец. Во меѓувреме беа воспоставени и летови кон Вроцлав и Катовице во Полска, како и сезонските линии на „Ер Србија“ од Белград и „Туркиш ерлајнс“ од Истанбул.

Со новата авиолинија, од охридскиот аеродром во моментов се реализираат вкупно 17 дестинации преку осум авиокомпании, од кои 14 се редовни и сезонски линии, а три се чартер-летови.

Од Владата очекуваат дека новите воздушни врски ќе придонесат за поголем прилив на странски туристи, нови инвестиции и за забрзан економски развој на Охрид и поширокиот регион, додека паралелно продолжува реконструкцијата на аеродромската инфраструктура со цел натамошно зголемување на капацитетите и на бројот на патници.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Алиу: Еден вработен куца електронска картичка за петмина колеги во исто време
Следна Статија Уапсен Бугарин во општина Аеродром, вознемирувал жена

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

ССМ ќе достави предлог за минимална плата од 500 евра

Прашањето за зголемувањето на минималната плата останува отворено. Минималната плата треба да се усогласи овој месец и според пресметките, зголемувањето…

March 3, 2025
ЕКОНОМИЈА

Доларот се зацврстува, акциите изгледаат послаби додека расположението опаѓа

Акциите доживеаја глобално повлекување, со иднински договори на S&P 500 кои посочуваат на четврт ден на пад, додека инвеститорите продаваат…

February 3, 2026
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Кредитот ќе се враќа до 3 години грејс период и до 15 години рок на отплата

Денеска во просториите на Министерството за финансии, имавме состанок со Македонската банкарска асоцијација, разговаравме околу средстава што се дел од…

November 17, 2024
ЕКОНОМИЈА

Македонија прва на Балканот и втора во Европа по договори на определено време, објави Евростат

Европската статистичка агенција (Евростат) објави податоци за бројот на договори на определено време што ги нудат земјите од Европската Унија,…

February 23, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?